И ТОА ГО ИМА ВО ДАНСКА: Банка од Данска прва во светот со нeгaтивнa камата за кредити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Банка во Данска за прв пат во светот понуди нeгaтивнa каматна стапка на хипoтeкapни кредити, давајќи заеми на сопственици на недвижнини со каматна стапка од – 0,5% годишно.

Heгaтивните каматни стапки практично значат дека банката ќе им плаќа на клиентите за да ги користат нивните средства, па така тие на крајот ќе платат назад помалку отколку што позајмиле.

Се работи за Јиске Банк, третата најголема банка во Данска која понуди нeгaтивни каматни стапки на кредити на десет години, додека банката Нордеа планира да понуди 20-годишен хипотекарен кредит со 0% каматна стапка.

Со нeгaтивнaтa каматна стапка, клиентите на Јиске Банк ќе отплаќаат месечни рати, но секој месец сумата ќе се намалува за поголем износ.

„Не ви ги даваме парите директно во рака, туку секој месец вашиот долг се намалува повеќе од сумата која ја плаќате“, вели одговорниот економист во Јиске Банк, Микел Хег.

Повеќе прочитајте на РадиоМОФ.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This