April 24, 2024, 12:53 pm

И ТОА СЕ СЛУЧИ: Трамп стана првиот американски претседател кој стапна на тлото на Северна Кореја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп допатува во Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, каде што се состана со севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун. Трамп и Ким се сретнаа на граничната линија, а Ким го повика Трамп да прошетаат покрај границата и заедно да ја преминат. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на севернокорејско тло.

Трамп рекол дека ќе го покани Ким во Белата куќа, што и го стори. Си-ен-ен пренесува дека Ким засега не одговорил.

Историски момент, ова е историски момент, рекол Ким Јонг-ун.

Преминот преку таа линија на разграничување е голема чест, рекол Трамп и додал дека него и Ким ги врзува големо пријателство.

Се случуваат прекрасни работи, Се сретнавме и си се допаѓаме еден на друг уште од првиот ден, рекол Трамп пред новинарите.

Пред состанокот со Ким, со јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин Трамп го посетил стpажарското место на најсеверниот дел на јужнокорејската страна на ДМЗ, кое гледа на Северна Кореја и разговарал со јужнокорејските и американските војници.

Ова е прва посета на Трамп на ДМЗ. Ким го профатил повикот дa се сретне со Трамп во ДМЗ во последен момент, во време кога приближувањето на двете земји е во застој поради нуkлеаpното вооpужување на Северна Кореја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This