И ТОЈ HEЗAДOВOЛЕН ОД ЗАЕВ: Жбогар сака промени во cyдството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Време е да видиме конкретни промени во cдcтвoтo, владеењето на правото има влијание врз економијата, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар по денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

– На крајот на денот и покрај сите дискусии ние доаѓаме до владеење на правото поради тоа што и тоа има влијание врз економијата. Видовме напори што ги прави владата, парламентот и други институции за усвојување на законите и за приспособување на законодвството, меѓутоа сега веќе е време да видиме и конкретна промена во cyдството, а за тоа се одговорни cyдиите и oбвинитeлитe кои работат на случаите. Странските инвеститори, исто така, се многу важен сегмент од економијата и тие за своето функционирање бараат безбедност која всушност може да им ја понудат cyдовите и правоcyдниот систем чии што одлуки ќе бидат засновани на законите, рече Жбогар.

Странските инвеститори, дополни, придонесуваат за развој на Бруто домашниот производ (БДП) и за извозот, и токму затоа воспоставувањето на владеењето на правото во земјата е уште поважно.

На средбата е оценето дека процесите за соработка на шесте држави од регионот која ќе претставува основа за интегрирање во ЕУ се во напредна фаза. Се ценат, како што рече евроабасадорот, напорите на коморите за проектите што се спроведуваат со поддршка на европските фондови, за подобрување на регионалната соработка и за отстранување на пречките и проблемите.

Според Азески, во наредниот период треба да се очекуваат конкретни зафати за подобрување на функционалноста на институциите, реални претпоставки на раст и развој и зголемување на регионалната соработка, која од сегашните 1,5 милијарда евра годинава може да се зголеми на две милијарди евра.

– Се работи за шест држави со 22 милиони жители и 350 илјади фирми. Отворени се канцелариите во Трст и Подгорица, отворени се програмите за помош на фирмите и за нивното интегрирање со европските фирми, заеднички настап на трети пазари, зголемување на размената. Тука ЕУ има исклучително позитивна јасна и прецизна улога која овозможи да ги поставиме таргетите и целите на таков начин, рече Азески.

Точно се дефинирани, укажа, проблемите за подобрување на протокот на стоки и услуги, за што бизнисот бара да се забрзаат заедничките активности на владите во таа насока..

– На Копаоник бизнис форумот упативме барање за што побрзо одржување на заедничката седница која не се одржа со српската Влада околу прашањата на соработката и ГП „Табановце“, во меѓувреме имавме бизнис делегација од Бугарија и Албанија, а очекуваме сериозна бизнис делегација на чело со премиерот Алексис Ципрас од Грција, најави Азески.

Проблем, како што рече, се и серозните прекршувања на ЦЕФТА договорот за што ќе извршат сериозен притисок од аспект на бизнисот на косовската страна затоа што веќе и размената е намалена за осум проценти, а останува отворено и прашањето на коpyпцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This