И ТОЈ САКА „ЗЕЛЕНО ДА МУ Е СЕ“: Заев ќе помогне во пошумувањето над Велешко езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За пошумување на опожарените подрачја над велешкото езеро „Младост“ Владата планира првично да издвои сума од 10 милиони денари, а од 150-160 милиони денари за период од шест–седум месеци. ЈП„ Македонски шуми“ веќе ги има садниците и со свои екипи го расчистува опожарениот теран и врши подготовки за садење.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката „Маркарт“, рече дека околината на велешкото езеро „Младост“ е во фокусот заради, како што појасни, неговото значење за развој на туризмот. Тој информира дека за ова прашање вчера се состанал и разговарал со директорот на ЈП „Македонски шуми“ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Најави дека планира наскоро да дојде и да засади дрвце над Велешкото езеро и како што посочи да биде пример и за останатите во акцијата за пошумување на опожарените површини.

Тој посочи дека процесот на пошумување на сите опожарени места во земјава е многу сериозен и бара многу средства, но оти Владата ќе ги изнајде сите потребни ресурси.

Ние во МЗШВ отвараме и посебна програма само за шумите и развој на шумарството и верувам дека сето тоа ќе значи побрз импакт на враќање на зелениот фонд на државата- појасни Заев.

На прашање дали Владата ќе помогне за опремување на ТППЕ во земјава со возила и опрема за гасење, премиерот Зоран Заев најави дека веќе разговараат со компании и кредитори за набавка на противпожарни и возила за брза помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This