И утрово дишеме отрови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина и утрово регистираа до петпати поголемо загадување. Најалармантнот со многу високо ниво на загадување со ПМ10 честички има во скопските населби Центар -238, Карпош-188 и кај Ректоратот.-208.

Речиси да нема град во земјава каде нивото на загадување е на дозволената граница. Високо ниво на загадување има Миладиновци, Бутел 170, во Битола, Кичево, Тетово 150, Струмица, Кавадарци 151 и Куманово.

Ситуацијата беше уште поалармантна вчеравечер и во текот на ноќта, кога на апликацијата „Мој воздух“ на повеќе мерни места беше регистрирана загаденоист и до 11 пати повискоа од максимално дозволената граница.

Во Лисиче и Аеродром, каде загадувањето со години наназад е најголемо, а тоа е забележливо и преку воздухот кој смрди на запалена гума и пластика, мерната станица не работи.




На веб-страницата World’s air pollution, Македонија се најде на четвртото место во светот според загаденоста со индекс од 484, а пред нас Кина, Австралија, Индија и Турција.

Од Министерството за здравство вчера изјавија дека нема да воведат вонредни мерки, и најавија дека ќе се обезбедуваат маски за ризичните групи граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This