И ФРАНЦИЈА СЕ СПРЕМА ЗА БОМБАРДИРАЊЕ НА СИРИЈА: Макрон тврди дека имаат докази за наводен хемиски напад во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има докази за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија позади кој стои владата во Дамаск

Макрон ијзавил дека одлуката за напад на Сирија ќе ја донесе „кога за тоа ќе дојде време“. Тој вети дека и Париз нема да дозволи ескалација на ситуацијата во регионот.

„Имаме докази дека е користено хемиско оружје, хлор во секој случај, и дека го користел режимот на Башар ал Асад“, рекол Макрон.

Францускиот претседател додаде дека одлуката за евентуален напад на Сирија ќе ја донесе по неопходните потврди.

„Ќе мора да донесеме одлука кога ќе дојде време, кога ќе процениме дека ќе биде најкорисно и најефективно“, рекол Макрон.

Франција во случај на носење на одлука за бомбардирање на Сирија може тоа да го изведе од база која се наоѓа на територијата на земјата, а не од некоја од базите во блискоисточните земји, пишува „Фигаро“.

„Експертите на воената морнарица сметаат дека, ако политички биде дадено зелено светло за напад, тој ќе биде изведен од територија на Франција, веројатно од базата Сен Дизје во департманот Горна Марна, а не од француските бази на Блискиот Исток – во Јордан или ОАЕ“, наведува „Фигаро“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This