И четвртото срце го дарува жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Маја Мојсовска – Мијовска, национална координаторка за трансплантација ни рече дека дарителка е 44-годишна жена чие семејство се согласило да се трансплантираат нејзиното срце, бубрезите и дел од коскеното ткиво.

„Драго ми е дека ја подигнуваме свеста на граѓанките и граѓаните за донирање органи. При секоја трансплантација, одново и одново секогаш им се восхитувам на хуманоста на семејствата што во најтешките моменти, кога го губат најмилото успеваат да најдат храброст да се согласат да донираат органи и да продолжaт нечиј туѓ живот. Се радувам дека луѓето сè повеќе го сфаќаат концептот на трансплантација од починат донор“, вели д-р Мојсова-Мијовска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Првата трансплантација на срце од починат донор во земјава беше направена лани на 23 мај, а годинава се извршија уште две трансплантации. Во сите четири случаи, дарителките се жени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This