И Шведска не ја аплицира Астра Зенека на лица постари од 65 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведска им се придружи на Германија, Франција, Италија и Полска, кои исто така воведоа препорака вакцината која ја развија Оксфордскиот универзитет и компанијата АстраЗенека да им се дава на лицата постари од 65 години поради тоа што сметаат дека не е ефикасна кај оваа старосна група и покрај тоа што Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри оваа вакцина за употреба кај сите старосни групи.

Полска го спушти старосниот праг дополнително на 60 години, а претседателот на Франција изјави дека вакцината е речиси неефикасна за постарите лица. Властите во Франција и Шведска сметаат дека вакцината би требало да им се дава исклучиво на оние кои се помлади од 65 години и дека „оваа препорака“ ќе биде дополнително разгледана кога ќе бидат достапни дополнителни податоци за нејзината ефикасност кај постарите.

Во Шведска досега се вакцинирани нешто повеќе од 330.000 луѓе, а двете дози од вакцината ја добиле над 100.000 луѓе. Министерката за здравство, Лена Халенгрен изјави дека и покрај препреките, Владата и понатаму планира да овозможи вакцинација за сите жители постари од 18 години во текот на првите шест месеци од оваа година. Шведска засега е во првата фаза од програмата за вакцинација, што значи дека вакцините им се даваат на корисниците на домовите за грижа на стари лица, и на оние кои имаат право на домашна нега.

Вакцината им се дава и на оние кои се грижат за старите лица, но и на олицата кои го делат домот со нив. Првата доза од вакцината досега ја примиле околу 80 проценти од оние кои живеат во домовите за стари лица, а тој процент кај возрасните кои добиваат домашна нега е 32 отсто.

Шведска исто така планира да воведе и дигитален сертификат за вакцинација за чиј развој се задолжени три владини агенции кои треба да ја искреираат инфраструктурата неопходна за ракување со важните лични податоци. Според надлежните, овој сертификат ќе биде готов за употреба пред летото. Со овој потег, земјата се приклучи на сличните иницијативи на други земји, со цел да се олеснат меѓународните патувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This