И ЅВЕЗДИТЕ ШЕПОТАТ НА МАКЕДОНСКИ: Игор Џамбазов БОЈКОТИРА?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот шоу мен Игор Џамбазов со уметнички перформанс го честиташе и го прослави денешниот голем празник Денот на Независноста 8-ми септември. Џамбазов цитирајќи го познатото дело на Анте Поповски ,,Непокор” им го честиташе на сите граѓани на Македонија Денот на Независноста. Интересно е што овие тешки времиња за Македонија кога за 20-тина дена ни претстои референдумот за самоукинување, Џамбазов се одлучи токму на овој начин да го честита овој празник. Збирката на поезија од Поповски го носи насловот ,,Непокор”, а олицетворение на македонскиот непокор е токму иницијативата бојкотирам за престојниот референдум за промена на името.

 

Стиснете ги тревките
Неја ќе ја исцедите.
Наслонете се врз каменот
Името ќе ѝ го чуете.
Симнете се во реките
дното со неја ќе ве почести.
Легнете да починете
И ноќта со неја ќе ве покрие.

На овој даб името ќе ти го напишам
Дожјдовите да го симнат
Жедните в земи да го напоиш
На оваа нива
Грутка од тебе ќе посејам
Класатка да нимне
Со неа внучињата да ни ги нахраниш.
На овој рид ќе те оставам И кога ќе
заминам Пак да те гледам голема.

Еве ја таа проста земја од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде што откопуваат
лобањи
По градините.
Еве ја таа проста земја од пајажина и од води
Мудро слободата кај што ги запишува селските
имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат.

Еве ја таа проета земја од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува и пак се враќа
Со неја да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шептат на
Македонски
А никој не ја знае.

 

Честит 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија

Posted by MAJKA TI I TATKO TI on Friday, September 7, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This