И ЈАС МОЖЕВ ДА БИДАМ НАЈГОЛЕМИОТ „РЕФОРМАТОР“: Ама јас власта не сум ја добил од некој странец таму, не може да се прави компромис за она за кое луѓето ги дале животите, за кое што децата ги оставиле сираци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Не може да се прави компромис за тоа што се гинело стотици години на овие простори, за кое што луѓето ги дале животите, за кое што децата ги оставиле сираци. И јас сега да одам и за да си ја задржам власта, за да некој амбасадор ме потапша по рамо, да продадам се. Тоа е целата работа, тоа е приказната, рече Груевски.

 

Ние многу лесно можевме да бидеме Зоран Заев со соседите, се да прифатиме, сите штетни за Македонија работи да ги прифатиме и јас ќе бев најголемиот реформатор. Што се реформите што се бараат од Заев, да ги направи сите отстапки кои ги бара Грција, што ги бара Бугарија, што се бараат поврзани со Тиранската палтформа и кој знае уште што ќе им текне во меѓувреме и тој ќе биде најголемиот реформатор, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола груевски во своето вечерашно интервју за ТВ НОВА.

-Јас не можев да бидам реформатор? Можев! Ќе излезев ќе кажев, почитувани граѓани, мислам дека треба да прифатиме ново име на државата, нацијата, јазикот, историја на друга држава е наша историја итн… Многу лесно јас можев да го правам тоа, но јас одбрав друг пат. Одбрав пат да ги штитам интересите на тие кои што ме одобрале да им бидам претставник. Јас сум избран на избори, не сум избран од некои странци, избран сум од народот на оваа држава, од граѓаните во оваа држава, од најголем број граѓани кои се поделиле кој за која партија, најголем број граѓани гласале за мојата партија и јас на чело на таа партија и со мене на чело на таа партија. Јас така ја разборам политиката, јас морам да ги штитам нивните интереси и дасе обидам да направам максимум, рече Груевски.

Тој додаде дека компромиси во дипломатијата има, но треба да се знае до каде може, до каде е црвената линија, а не по секоја цена за да дојдеш на власт, или за да се задржиш на власт, или за да те наречат реформатор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This