И Cтoпaнcкa бaнкa oди jaбaна?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стопанска Банка Скопје оштетила над 3600 иматели на приоритетни акции, тврдат акционери на една од најголемите банки во Македонија кои укажуваат на сериозни пропусти за кои надлежните институции допрва треба да испитуваат можен криминал, злоупотреба на службена положба или корупција.

Акционерите тврдат дека Стопанска Банка која е делумно го сопственост на Грчката национална банка од каде доаѓа и генералниот директор направила грешка поврзана со 3,4 милиони евра (2,53% од вкупните средства вложени во основачкиот фонд).

Менаџментот на банката, како што тврдат акционери не ја исполнила обврската да им исплати дивиденда како дел од добивката, пресметано за годините во кои Банката вршеле распределба на добивката за дивиденда на обичните акции, и за уште околу 1,8 милиони евра со тоа што Банката за цело време исплаќала гарантирана дивиденда во варијабилен износ што се намалувал секоја година иако оваа дивиденда била одредена како „фиксна дивиденда„ во одлуките за емисија.

Според акционери кои инсистираат на анонимност поради страв од реваншизам на нивни роднини вработени во банката, тврдат дека дополнителен доказ за погрешното и неетичко постапување на Банката е што за истиот период во кој не издвоила 2,53% од дивидендата, таа исплатила огромни награди како надомест за раководниот кадар на Банката.

Врз основа на овие сознанија акционерите испратиле писмо до Надзорниот одбор на Банката укажувајќи на неточниот начин на објавување и пресметка на дивидендата на приоритетните акции. Надзорниот одбор не одговорил и не ги прифатил предлозите за решавање на констатираните недостатоци при пресметката на дивидендата на приоритетните акции и неусогласеност со ЗТД.

Меѓу останатите тврдења на акционери има и такви кои укажуваат на неетички врски меѓу банката и одредени државни институции како и можен непотизам и конфликт на интереси меѓу вработени во банката и луѓе во Народната Банка на Македонија.

За овие наводи expres.mk со помош на експерти ја испитува документацијата која се користи во судските спорови против банката по што ќе ги објави и овие фрапантни наводи на акционерите за кои по допрен глас може да реагираат повеќе институции како Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија, Народната банка на РМ, Комисијата за хартии од вредност и други.

Во 1999 г. започна процесот на приватизација на банката, кој заврши на 4 април 2000 г., кога со блок трансакција на Македонската берза, Националната банка на Грција (NBG), Меѓународната финансиска корпорација (IFC) и Европската банка за обнова и развој (EBRD) откупија 85% од управувачкиот пакет акции. Подоцна, со докапитализацијата, учеството на овие стратегиски инвеститори во акционерскиот капитал на банката порасна на 91,8%.

Во мај 2013 година Диомидис Николетопулос, екс Заменик Генерален Директор за банкарство на мало, финансиски и оперативни активности и член на Управниот одбор, ја презеде позицијата на Генерален Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор која ја врши до денеска.

Во моментов акционери водат три судски спорови против менаџментот на банката за ускратени права во вредност од околу 5,5 милиони евра.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This