И ykpaле 32 милиони долари преку телефон: Ова е најголемата телефонска измама регистрирана во Хонг Конг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Измамници кои се претставиле како кинески службеници, украле 32 милиони американски долари од 90-годишна жена од Хонг Конг, во најголемата регистрирана телефонска измама.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека измамниците избрале постара жена која живее во вила во луксузната населба Хонг Конг.

Минатото лето, криминалците контактираа неименувана жена, преправајќи се дека се кинески службеници за јавна безбедност. Тие тврделе дека нејзиниот идентитет е користен во сериозно кривично дело во Кина.

И било речено дека треба да ги префрли парите од нејзината банкарска сметка на онаа на истражниот тим за чување и надгледување, пишува „Саут Кина морнинг пост“ повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата соопшти дека постарата жена неколку дена подоцна во куќата примила лице кое комуницирало од телефон за еднократна употреба со лажни безбедносни агенти кои ја убедиле да изврши вкупно 11 банкарски трансфери.

Во текот на пет месеци, постарата дама им дале на измамниците вкупно 250 милиони хонгконг долари (32 милиони американски долари), што е најголемата сума што досега успеале да ја земат измамниците по телефон во тој град.
Полицијата соопшти дека измамата била забележана само затоа што домаќинот на постарата жена помислил дека нешто сомнително се случува и ја контактирала ќерката на нејзиниот работодавец, која потоа ги алармирала полициските службеници.

По истрагата, 19-годишник е уапсен, но ослободен со кауција, соопшти полицијата.

Постарите богати се мета на измамените
Хонг Конг има една од најголемите концентрации на милијардери во светот, од кои многу се постари, што ги прави лесна мета на измамниците.

Телефонските измами се зголемија за 18% во првиот квартал на 2021 година, а измамниците зедоа околу 45 милиони американски долари во тој период.

Во 2020 година полицијата објави дека постапувала со 1.193 случаи на телефонска измама во кои биле украдени вкупно 74 милиони американски долари.

Минатата година 65-годишна жена беше измамена за 10 милиони американски долари по слична шема во која луѓето се претставуваа како безбедносни службеници од копното на Кина, пренесува РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This