April 25, 2024, 10:16 pm

И3винувањата што ѝ ги дoлжам на мојата мајка, сега кога и јас сум мајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите мајки ќе се согласат за едно нешто – потребно е да се стане родител за да се сфати колку е всушност тешко родителството. Дури кога самите ќе се соочиме со сите предизвици на мајчинството, ќе почнеме повеќе да ги цениме сопствените мајки и сфаќаме дека им должиме извинување за сите проблеми што сме им ги приредиле.

1. Се извинувам за мојот пубертет, хормоните, наглите испади на тинејџерско лудило и неподносливо паметување. Сега знам дека тогаш не сум знаела сè, иако така сум е однесувала.

2. Се извинувам за сите искраднувања од дома, доцнењето, некое пијанство, ненајавени пирсинзи и тетоважи и за сите нови фармерки што веднаш ги кинев.

3. Се извинувам за пркосењето, инаетот и превртувањето со очите.

4. Се извинувам за сите лоши момци што лошо се однесуваа кон мене додека ти ме учеше дека го заслужувам најдоброто.

5. Се извинувам за префрлањето, моментите кога од глупава лутина ти велев дека си лоша мајка, а ти беше токму таква мајка каква што тогаш ми требаше. Таква што ме тераше да престанам да ги игнорирам сопствените грешки.

6. Најмногу се извинувам затоа што мислев дека да се биде мајка е твојата работа, а согласно тоа и најлесната работа на светот.

Затоа што потценував сè што правеше за мене, бидејќи мислев дека тоа е твоја должност, а не знаев дека да се биде мајка е нераскинлив завет на љубовта.

Извор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This