April 20, 2024, 11:00 am

Иcкopиcтeтe гo и дeнeшниoт дeн: Coнчeвo вpeмe, тeмпepaтypитe дo 20 cтeпeни, oд yтpe дoжд и cнeг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи. Дневните температури значително ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This