ИCПОBEД НА ЛИЦE 3APA3EHO СО KOPOHABИPУC: Не е толку стpашно….Tepапијата ми беше неколку литри енергетски пијалок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден 60-годишен Американец пред локалните медиуми раскажал како изгледа лекувањето на коронавирус и целиот карантин.

Имено, се заразил на крстарење на бродот „Дајмонд Принцес“, каде бил на крстарење со сопругата.

Тој посочил дека првите симптоми ги почувствувал на пат кон САД.

Како што раскажува заспал, а кога се разбудил имал температура, па така повторно завршил во карантин.

“Имам коронавирус и не е толку лошо. Јас сум во доцните шеесетти години и мојата најсериозна болест беше бронхитис пред неколку години кога морав да лежам неколку дена. Ова е многу полесно, нема треска, без болка во телото. Дишам лесно и носот не ми е полн. Ми се стегнуваат градите малку и имам напади на кашлање. Ако да бев дома со истите симптоми, веројатно ќе отидев на работа“, раскажал мажот.

Тој и двајца други патници кои имале симптоми биле однесени на Универзитетот во Небраска каде имало поставено карантин.

“Кога стигнавме таму на 17 февруари, тие ме ставија во болнички кревет и однесоа до возилото на брзата помош. Тоа беше многу драматична сцена. Можев лесно да одам таму сам, и покрај тоа што бев изморен”, вели мажот за „Вашингтон пост“.“

Го сместиле во соба за изолација во која се наоѓал монитор со микрофон за да може да комуницира со медицинските лица, а на секои 4 саати доаѓале да го проверат.

„Лекарите и медицинските сестри носеа заштитни костуми опремени со мотори кои им помагаат при циркулацијата на воздухот“, додава човекот чија сопруга доброволно отишла во изолација со него, но била сместена во друга зграда.

„Првите неколку дена бев со инфузија, повеќе од внимателност отколку потреба, а освен тоа мојата терапија се состоеше од неколку литри газиран енергетски пијалок и малку ибупрофен кога температурата ќе се покачеше над 37.7 степени“, истакнал човекот и додал дека ќе може да си оди дома дури откако тестот за коронавирус три дена по ред ќе биде негативен.

„Времето ми поминува многу брзо. На компјутер работам колку можам, а во контакт сум со пријателите и семејството. Се трудам секој ден да направам над 1000 чекори повеќе од претходниот ден. Гледам вести и неверојатно е тоа колку паника се крева околу болеста која ја имам“, заклучил тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This