Иcпeшaчил 400 килoмeтpи зa дa cи ja paзбиcтpи глaвaтa пo kaвгa co жeнa мy

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската полиција пресретна маж, кој одеше 400 километри за да си ја расчисти главата по расправијата со сопругата.

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија.

Тој беше уморен и премрзнат, изјави полицаецот Антонио Скванци.

Тој на полицијата ѝ рекол дека се скарал со својата сопруга и дека го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо на 22 ноември. Прво тргнал со воз за Милано, а потоа започнал да оди. Неговата цел била Апулија на југот на земјата.

Фано, каде што беше запрен, се наоѓа на 379 километри од главната железничка станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга, која дошла да го „собере“.

Скванци ги демантираше извештаите во медиумите, според кои полицијата му напишала казна затоа што тој го прекршил полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, пренесе Н1.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This