March 29, 2024, 10:17 am

Иcтpaжyвaњe: Лekoт тoцилизyмaб им пoмaгa нa нajтeшko 6oлнитe oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекот за ревматоиден артритис, тоцилизумаб, лекува сериозно заболени пациенти од Ковид-19, според истражувањето на научниците од Велика Британија и Холандија, пишува „Би-би-си“.

Научниците рекоа дека тоа е апсолутно неверојатен резултат, а лекот веќе не се ни тестира бидејќи тие се толку сигурни во неговата ефикасност. Сепак, прецизниот ефект врз преживувањето на пациентот по употребата на лекот сè уште се испитува.

Други експерти изјавија дека треба да се внимава сè додека не бидат објавени целосните податоци.

Тоцилизумаб влијае на имунолошкиот состав, кој кај некои пациенти заразени со коронавирус премногу реагира, а таквата реакција, позната и како цитокинска бура, може да биде фатална.

Истражувањето беше насочено кон сериозно болни пациенти кои требаше да се стават на апарати за дишење. Испитувањето на лекот е запрено пред два дена откако независните набљудувачи рекоа дека има многу докази, од првите 303 пациенти, кои покажуваат дека лекот дејствува.

Сепак, толкувањето на податоците е исклучително сложено, наведува „Би-би-си“.Лекарите знаат дека лекот прави нешто, но ќе биде потребно време да се утврди дали спасува животи на пациенти или само го забрзува нивното закрепнување. Ќе бидат потребни неколку недели за правилна процена на податоците, кои сè уште не се официјално објавени.

Третманот со овој лек чини помеѓу 500 и 1.000 фунти и се дава интравенски на пациенти заболени од коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This