Иcтpaжyвaњe нa HДИ: ВМРО-ДПМНЕ вoди пpeд СДСМ, ce нaмaлyвa пoддpшкaтa зa EУ…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високи 64 отсто од граѓаните во Македонија веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, а 52 отсто велат дека има назадување на демократијата. Популарноста на ЕУ опаѓа, но останува висока поддршката за НАТО, покажува истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ).

Во анкетата на НДИ, спроведена во март и април годинава, а чии резултати се објавени вчера, македонските граѓани биле анкетирани на теми поврзани со демократијата, владеење, ковид-19, геополитика и дезинформации. Демократијата како систем на владеење ја преферираат 58% од граѓаните, но се скептични дека основните принципи како владеење на правото се достижни. На 56% од испитаниците квалитетот на живот им е поважен од демократските стандарди.

Н прашањето „Дали нивото на демократија во земјата се влошува, исто е или се подобрува?“ 52 отсто одговориле дека се влошува, а 16 дека се подобрува. Гледано по партии, дури 81 процент од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се влошува, а само 4 отсто дека се подобрува. Кај СДСМ, пак, 40 отсто сметаат дека се подобрува, а 31 отсто дека се влошува.

Поддршката за Европската Унија во земјата е намалена и иако 67% од испитаниците би гласале за членство во ЕУ, перцепциите за ЕУ се влошени, а 19% се против членството во ЕУ, процент кој во 2018 изнесувал 10%.

Поддршката за НАТО останува висока со 63% (64% во 2018), додека противењето на воениот сојуз се зголемило за 9% во однос на 2018, и сега изнесува 24%. Позитивното мислење за Турција, Русија, САД и Кина е зголемено во однос на 2018. Граѓаните имаат најдобро мислење за Турција (52%, зголемено од 42% во 2018)) и Русија (48%, кое се зголемило од 32% во 2018). Позитивното мислење за САД (43%) и Кина (38%) е намалено.

Во анкетата се опфатени и прашања за политичките партии, политичарите и гласањето на избори. На прашањето „Ако на избори излегуваат партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“, 14 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, по 5 отсто за ДУИ и за Левица, 4 за Алијанса/Алтернатива.

Кога станува збор за доверба во политичарите, на врвот е Зоран Заев во кого веруваат 8 отсто од анкетираните, па Христијан Мицкоски со 5 отсто доверба, Стево Пендаровски и Димитар Апасиев имаат доверба од 4 отсто, а Зијадин Села и Али Ахмети по 2 отсто. Но, многу високи 50 проценти немаат доверба во никого.

Истражувањето покажува и парадокслани податоци дека 72% од анкетираните преферираат и демократско управување но и владеење со „цврста рака“.

Како главни проблеми граѓаните ги наведуваат економијата/можностите за вработување (37%), како и здравствените услуги/КОВИД-19 (21%) додека недовербата во судството (67%) и јавното обвинителство (63%) и понатаму опстојува на високо ниво.

„Граѓаните немаат доверба во политичарите, а 53% од испитаниците немаат доверба во ’ниту еден политичар’ и очекуваат власта да работи на подобрување на економијата и здравството“, вели Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ во земјава, додавајќи дека „загриженоста за политичката неказнивост и блокираните европски интеграции придонесуваат кон лошите перцепции за иднината на државата и нејзините демократски капацитети.”

Испитаниците остануваат лично загрижени за состојбата со ковид-19. Значајно мнозинство од испитаниците се „многу загрижени“ за пандемијата, а власта доби лоши оценки за рестрикциите и комуникацијата за време на пандемијата, иако граѓаните имаат доверба во владините податоци поврзани со ковид-19. Граѓаните негативно ја оценија улогата и работата на Парламентот за време на ковид-кризата со високи 52 проценти, но и работата на опозицијата. 26 отсто велат дека опозицијата не понудила алтернативни решенија, а 24 отсто не слушнале ништо од опозицијата.

Во однос на вакцините за ковид-19, на прашањето „Зошто не би примиле вакцина“ дури 49 отсто рекле дека немаат доверба во ефикасноста на вакцините.

На прашањата за работата на медиумите, 87% од испитаниците веруваат дека во медиумите се шират и дезинформации, 68% од испитаниците им веруваат на социјалните мрежи, а се информираат преку пријателите, семејството и колегите.

Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб се доминантните платформи преку кои граѓаните се информираат, но испитаниците преферираат да дискутираат за политика и вести лице во лице, а не во интернет просторот.

Сепак, граѓаните најмногу се информираат од телевизиите-76 проценти, па од социјалните мрежи-36 отстo, онлајн медиумите-26 отсто…

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Макеоднија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%, преку CAPI и CAWI телефонски и интернет анкети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This