Иcтpaжyвaњe: Cпyтник coздaвa дoлгopoчeн имyнитeт кaj 90 oтcтo oд вakциниpaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувањето во аргентинскиот државен совет за научни и технолошки прашања покажа дека 90 отсто од луѓето развиваат долгорочен имунитет откако биле вакцинирани со „Спутник“, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), повикувајќи се на извештај објавен во „Ла насион“.

Новата аргентинска студија покажува дека клеточниот имунитет, кој обезбедува долгорочна заштита од ковид-19, се формира во 90 проценти од вакцинираните по имунизацијата со Спутник, соопштија од РДИФ.

Даниел Голан за „Ла Насион“ изјави дека кога Т-клетките повторно ќе се сретнат со вирусот, тие брзо произведуваат антитела и „клетки убијци“ кои го уништуваат вирусот.

Значаен одговор на Т-клетките покажува дека заштитата останува долго време, рече тој.

До денес, Спутник е одобрен за употреба во 67 земји, каде живеат 3,5 милијарди луѓе. ТАСС заклучува дека податоците собрани од повеќе земји, вклучувајќи ги Србија, Бахреин, Унгарија, Мексико и други, покажуваат дека Спутник е една од најбезбедните и најефикасните вакцини против коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This