Иcтpeлани 2.000 pakeти, фpлени 80 тони бomби за една ноќ, досега yбиeни 126 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелската армија соопшти дека повеќе од 2.000 ракети биле истрелани од појасот Газа од почетокот на конфликтот, а системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“ пресретнал над 1.000.

Според тврдењата на израелската армија, над 350 ракети истрелани од Појасот Газа паднале на таа палестинска територија.

Претходно, три ракети беа лансирани од Сирија кон израелска територија, објави израелската армија.

Израелската армија продолжи да го бомбардира појасот Газа, бидејќи Палестинците повторно ракетираа градови во јужен Израел. Од почетокот на конфликтот, во појасот Газа се убиени 126 лица, од таа територија се истрелани 2.000 ракети, додека израелската авијација фрли 80 тони бомби за само една ноќ.

Вооруженото крило на Хамас тврди дека извршиле напад со беспилотно летало врз израелска хемиска фабрика во близина на појасот Газа.

Нападот е извршен со беспилотно летало камикази, изјави бригадата ал-Касам.

Во Газа, од почетокот на вооружениот конфликт во понеделникот, 950 лица беа повредени и 126 беа убиени, од кои 31 дете. Осум лица беа убиени во Израел.

Дипломатски извори објавија дека е можен прекин на огнот за еден ден или два. Постои можност во наредниот ден или два да биде постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците, изјавија дипломатски извори, објави Тајмс оф Израел.

Според нив, Египет има клучна улога во преговорите, кои сепак немаат директна комуникација со Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This