March 29, 2024, 11:09 am

ИCTPAЖУВАЊЕ: Изолациjaта поради кopонавирусот можеби спacи 59.000 животи во 11 европски земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изолацијата и другите преземени мерки за да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19 спасија животи на 59.000 луѓе во 11 европски земји, повеќето од нив во Италија – 38.000, тврдат британски научници.

– Благодарение на мерките преземени до крајот на март, проценуваме дека е спречена смртта на 59.000 луѓе во 11 држави до 31 март, се вели во студија спроведена од научници од Империал колеџ во Лондон, реномиран универзитет во областа на медицината.

Научниците, експерти за епидемиологија и математика, изработиле модел на динамиката на ширењето на епидемијата во Европа и го процениле забавувањето на заразата со САРС-КоВ-2 благодарение на различните мерки преземени во набљудуваните земји на различни датуми. Се работи за теоретски модели засновани на претпоставката дека некоја мерка има споредлив ефект во 11-те европски земји кои биле опфатени со истражувањето, објаснуваат научниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This