ИPOHИЈАТА НАРОДОТ КОЈ ИМ ДАДЕ ПИСМЕНОСТ НА СИТЕ СЛОВЕНИ, ДА БИДЕ ПОСЛЕДЕН ЧИЈ ЈАЗИК СЕ ПРИЗНАВА КАКО ПОСЕБЕН СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Елка Јачева Улцер денеска не почести со еден цитат од Реџиналд де Бреј во кој ја изложува судбината и иронијаа на македонскиот народ и јазик.

„Каква иpoнија на историјата, народот чии пpедци им го дале на Словените првиот литературан јазик, беа последни на кои им сe призна јазикот како поcебен словенски јазик, различен од соседните бугарски и српски“

Реџиналд де Бреј.

Инаку, Реџиналд де Бреј бил македонист, славист, научен работник, полиглот и преведувач.

Роден е во 1912 година во Санкт Петербург. Починал 1993 г. во Кнбера, Австралија. Бил професор по руски јазик на Лондонскиот универзитет, на факултетот за славистички и источни студии. Основач на катедрата за руски јазик на Монашкиот универзитет и професор по руски јазик на Австралискиот национален универзитет каде што се пензионирал во 1977 година. Член на повеќе меѓународни лингвистички асоцијации и друштва, а низа години ги претставуваше австралиските и новозеландските слависти во Меѓународниот комитет на славистите. Член на надворешниот состав на МАНУ. Тој е еден од првите слависти кои по Втората светска војна доаѓа во Македонија и оттогаш македонскиот јазик станува негова преокупација. Негово капитално дело е „Водич низ словенските јазици“ во кое рамноправно со другите словенски јазици е претставен и македонскиот јазик. Професорот Реџиналд де Бреј ја задолжил македонската култура и со своите преводи на поезијата на Радован Павловски на англиски јазик. Дел од тие преводи објави во Австралија во книгите Слободна песна од Железна Река (Канбера 1983) и Пат за в планина (Канбера 1985). Реџиналд де Бреј е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This