КАБИБ НУРМАГОМЕДОВ НЕМА ДИЛЕМА: Реванш против Мекгрегор? Не е проблем, но ова се условите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дагестанскиот орел ја потврди својата неприкосновеност во лесната категорија на UFC откако пред неколку вечери доста лесно го разби „митот“  Мекгрегор кој постојано го провоцираше пред и за време на самиот меч.

Мекгрегор веднаш по натпреварот изјави дека очекува реванш, но многумина веруваат дека UFC нема да го дозволи тоа, без разлика колку е голема ѕвезда е тој и кои се неговите желби.

Нурмагомаедов доминираше во во текот на целиот меч со Мекгрегор кого брутално го финишираше во четвртата рунда со давење, па се поставува прашањето дали Конор заслужува шанса за реванш. Иако Кабиб не се огласи и не обрати внимание на барањето за реванш, неговиот тимски колега, Лук Рокхолд вели дека може да има одмазда, но само во случај ако на Кабиб, UFC му понуди највисока сума во историјата на овој спорт и оваа асоцијација.

“Ако сакате реванш, ако луѓето навистина сакаат реванш и ако сакаат да ги откупат правата за емитување на реваншот, ќе мора дебело да плаќаат за Кабиб. На Кабиб во моментов во животот не му треба апсолутно ништо. Затоа мислам дека тие ќе треба да му  дадат многу, многу голем чек за да го предизвикаат. Веројатно тоа ќе мора да даде највисоката сума во историјата на UFC. Го познавам Кабиб, зборував со него и ако сакате реванш, ќе мора да му пристапат со рекордни бројки и суми “, рече Роккхолд”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This