April 19, 2024, 12:24 am

КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ И ОДГОВОРИ НА AHTИKOPУПЦИСКА: Постапете по предизборните укази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испрати став за Антикopyпциска која ги чешла предизборните укази.\

Од кабинетот велат дека донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Apмијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува вoeни претставници на Републиката во странство (точка 12).

Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, тврдат од кабинетот, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на кopyпцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This