КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ СО ДЕМАНТ: Иронично е СДСМ да го обвинува претседателот за недомаќинско и неодговорно работење, при бројни скандали и пропусти напревени токму од нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кабинетот на претседателот на Реублика Македонија, д-р Ѓорге Иванов во целост ги демантира наводите во денешното соопштение на СДСМ,за кои сметаме дека се тенденциозни и со злонамерно извртување на фактите се прави обид да се дискредитира институцијата претседател на Република Македонија.

Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да го обвинува претседателот Иванов за недомаќинско и неодговорно работење, кога речиси секојдневно македонската јавност се шокира со бројните скандали и пропусти, предизвикани токму од нив.

Сметаме дека станува збор за уште еден очаен обид за напад врз претседателот Иванов, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неморалното и несовесното работење на владејачката партија.

Голема лага се наводите дека претседателот Иванов нарачува над 700 сувенири со своето име, за сопствена промоција и маркетинг.

Вистината е дека во јавната набавка се предвидени само 50 марами и 100 вратоврски со името на претседателот Иванов, кои се наменети како протоколарен подарок за странски делегации и гости, до завршување на мандатот на претседателот Иванов.

Уште поголема лага се наводите дека Кабинетот на претседателот на Република Македонија постапува неодговорно, со недомаќинско работење и спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Со цел правилно информирање на пошироката јавност укажуваме дека станува збор за годишна набавка на репрезентативниподароци, што се реализира врз основа на годишен план, а како востановена практика на сите претходни претседатели на Република Македонија и речиси насекаде во светот. Јавната набавка опфаќа протоколарни подароци, што се набавуваат во согласност со протоколарните активности на претседателот, вклучувајќи посети на странски делегации, како и возвратни посети на странски држави.

Укажуваме дека наведениот износ од Договорот за јавната набавка претставува планирана вредност на јавната набавка, односно не се исплаќа целиот износ наведен во договорот, туку по фактура за извршената услуга. Следствено на ова, следниот претседател на Република Македонија на почетокот на својот мандат ќе има на располагање репрезентативни подароци, продолжувајќи да jaискористува јавната набавка.

Досегашните јавни набавки на Кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и во согласност со сите законски регулативи и истите се транспарентно и јавно објавени.

Ова го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This