КАВАДАРЦИ НА РЕФЕРЕНДУМ: Советот на општина Кавадарци ќе организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за населување на мигранти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлука за распишување на Референдум заради изјаснување на граѓаните околу тоа дали се за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Кавадарци, донесе попладнево општинскиот Совет.

„За“ одлуката гласаа девет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на чија иницијатива и беше ставена оваа точка на дневен ред, еден беше „против“, а еден не гласаше. Советниците од СДСМ незадоволни ја напуштија седницата, бидејќи како што појаснија, со лажни вести се сака да се шири паника меѓу населението.

Одлуката за референдум ќе се смета за донесена доколку за неа гласаат мнозинството од вкупниот број лица кои гласале, доколку гласаат повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список во Кавадарци.

Одлуката донесена на Референдумот е задолжителна.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This