Кавадарци ново жapиште од корона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Пик на коронавирусот има во општина Кавадарци, состојбата е крајно алармантна, во моментов има 516 активни случаи. Вака денеска информираше градоначалникот Митко Јанчев, по состанокот на Општинскиот Кризен штаб. Тој нагласи дека бројот на заразени е во постојан пораст.

Јанчев информираше дека во регионалната кавадаречка болница се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 30 од Кавадарци. Притоа појасни дека сите се на кислородна поддршка и со интензивна терапија.

Еден од заклучоците на Кризниот штаб е граѓаните да бидат максимално одговорни кон почитувањето на мерките од Владата на Република Македонија, посебно кон одржување дистанца, носење заштитна опрема и намалување на контактите, е еден од заклучоците на Кризниот штаб.

Покрај тоа, со заклучоците се апелира до сите оние кои имаат симптоми на Ковид-19, навремено да се јават на матичен лекар.

-Се задолжуваат угостителските објекти да воведат менаџирање на влез и излез за спречување на ширење на вирусот, стои во заклучоците.

Со нив, се препорачува до инспекциските служби од Државен пазарен инспекторат да вршат зачестени контроли во угостителските објекти, а МВР почесто да контролира по маркети, банки и јавни површини, за да се види дали се почитуваат соодветните мерки.

Јанчев нагласи дека ќе има сериозни проблеми, ако не се почитуваат мерките за заштита. Тоа, како што појасни, би значело проблем со хоспитализација во болницата, која има на располагање 60 легла. Во средина на јануари имало само 12 хоспитализирани лица и таа состојба траела две до три седмици

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This