April 19, 2024, 11:52 pm

КАВАДАРЦИ ПРЕД ЕКОНОМСКИ КОЛАПС: Кочо Анѓушев врши рекет врз „Фени“, на фабриката и се заканува затварање, а преку 1.000 вработени ќе останат на улица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот град во Тиквешијата се наоѓа пред економски колапс, откако владата на Заев го сврте својот фокус кон гигантот „ФЕНИ Индустрис“ на кој му се заканува исклучување на погоните, под закана на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој пред неколку дена пуштил извршители и го замрзнал имотот на компанијата

 

Како што дознаваме, индустрискиот гигант „ФЕНИ Индустрис“ во кој се вработени речиси 1.000 тиквешани е под закана да биде затворен, а вработените да се најдат на улица, и тоа под притисок на Кочо Анѓушев, кој испратил извршители кои пред неколку дена го замрзнале целиот имот на компанијата.

 

 

Според информациите кои ги добивме, се работи за минорен долг кој компанијата го има кон фирмата „Енерџи Деливери Солушнс – ЕДЦ“

 

на Кочо Анѓушев, за заостанати сметки за електрична енергија. Пред два дена, во компанијата влетале извршители по наредба на Анѓушев, и почнале да прават попис на имотот на компанијата, замрзнувајќи го сиот имот на ФЕНИ, меѓу кои и автомобилите и транспортните возила.

Освен возилата, биле попишани и машините кои исто така биле ставени во извршителната пресметка, и замрзнати.

Анѓушев, коментира нашиот извор, врши класичен рекет врз компанијата, барајќи до вечер да се исплати долгот, во спротивно фабриката ќе престане со работа, со што во опасност се става егзистенцијата на повеќе од 1.000 вработени и нивните семејства, а со тоа и економски колапс на Кавадарци но и околните места во Тиквешијата.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This