КАВАДАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ПРВ КРУГ: Масовна поддршка за Митко „Кожувчанка“ од кавадарчани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Митко Јанчев, денеска имаше средба со граѓаните, а тие во голем број ја поздравија неговата кандидатура и порачаа дека сметаат дека тој е вистинскиот човек да го води овој град, човек со импозантно деловно минато и навистина успешен стопанственик.

 

Кавадарчани во голем број се собраа на средбата со Јанчев, покрај членови на ВМРО-ДПМНЕ од сите генерации, од сите генерации имаше и луѓе кои се партиски неопределени.

 

-Големи и мали, стари и млади, вмровци или не, сите полека но сигурно сплотени заедно со новиот градоначалник на Кавадарци г-дин Митко Јанчев!!, пишува на фан пејџот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадараци.

 

Пред граѓаните се обрати и кандидатот Митко Јанчев. Тој се заблагодари пред се до членството на ВМРО-ДПМНЕ што бил номиниран за кандидат за градоначалник на Општина Кавадарци.

-Тоа пред се лично ми претставува задоволство, затоа што мислам дека можам да направам поубаво место за живеење на сите граѓани на Кавадарци. Доаѓам од бизнис секторот, каде често сме имале добра соработка со општината, го познаваме нејзиното деловно работење, така што мислам дека брзо ќе се вклопам во работата, за да направиме подобро катче за живеење, изјави Јанчев.

Тој напомена дека кандидатурата е негова лична желба и како што вели Јанчев од негово лично убедување дека Кавадарци може да го направи подобро место за живеење.

 

-Ми треба ваша поддршка, да бидеме обединети сите заедно и да победиме, порача Јанчев пред граѓаните.

Кавадарчани се едногласни дека на градот му е потребен градски татко со профил на Митко Јанчев, успешен стопанственик со големи деловни успеси во минатот. Тие и порачаа дека Митко Јанчев  ќе има убедлива и сигурна победа во Кавадарци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This