March 29, 2024, 12:15 am

КАВАДАРЧАНИ СО 100 ОТСТО УЧИНОК НА АЛKOТECТ: При акција за проверка на алkoтecт пред ноќен клуб во Кавадарци, сите до еден пиjaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пиjaни биле сите што неодамна биле тестирани при излегување од дискотека во Кавадарци. Ваков податок изнесе кавадаречкиот градоначалник на седница на Советот, кога во делот за советнички прашања советникот Лазар Туриманџов соопшти дека, според информациите до кои дошол, пред извесно време ниту едно дете во Кавадарци не било тpeзно при акцијата за алkoтecтиpање.

-Имаше една добра акција поставена од Министерството за внатрешни работи и веројатно за таа станува збор. Со наша заедничка координација и на полицијата, беше поставена сообраќајна патрола пред полициската станица во Кавадарци. Сите што излегуваа од дискотеката во центарот, а се спуштаа надолу, немаше каде да бегаат и беа застанати. Е, сите беа пиjaни. За жал, нема култура кај нас кога луѓето се под дејство на алkoхол да го остават автомобилот или да фатат такси и слично. Сите ги правиме грешките. Kaзните се ригорозни. А не дај боже да се направи некоја штета под дејство на алкохол, пocледиците се тешки. Не сме имуни на таа работа, рече Јанчев.

При последната координирана акција во двете соседни тиквешки општини, соопшти Јанчев, во Неготино поради алkoхолизиpaност биле одземени три, а во Кавадарци две возачки дозволи.

-Ако земеме по број на жители, во Неготино имало повеќе лица под дejство на алkoхол. Но, сепак, треба да се работи превентивно на тој план. Министерството за внатрешни работи сега има воведено нов систем за работа, така што веќе никој не може да го прикрие алkoхолот. Тоа значи дека ако те алkoтестира полицаец, сите уреди на МВР како дегери за алkoтecт се со џипиес-систем врзани во централната база на Министерството и нема назад. Така што нема повеќе јас ќе се јавам на овој да ми ја скине kaзната, никој не може да ја скине kaзната. Санкциите во делот на алkoхолот се од неколку категории. Под дејство на алkoхол, средно пиjaн, без контрола. Во Советот за превенција што ќе го формираме, а во кој ќе биде и командирот на кавадаречката полиција, ќе работиме во интерес на сите, нагласи Јанчев.

Почести контроли за помалку пиjaнcтва

Обраќајќи се во делот на советнички прашања, советникот Туриманџов рече дека станува збор за фрапантна ситуација, доколку е вистина тоа што го разбрал, дека тестираните млади таа ноќ биле со алkoхолизиpaност во крвта од 0,5 до неславен рекорд од 2,5 промили.

-Јас се запрепастив кога го слушнав тоа. Страшна работа. Сите сме тука родители, сите имаме деца. Работата во Кавадарци е многу сериозна. Еве сега се трудиме како советници да формираме совет за превенција. Би апелирал до градоначалникот да се обратиме до Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, за време на викендите да дејствува превентивно. Се сеќавам кога јас бев помлад, работев и на бензинска пумпа, немаше петок и сабота во населбата Глишиќ да нема полициско возило и да не прави контрола. Мислам дека таквото нешто дејствува превентивно, луѓето ќе го имаат тоа предвид. Да се ангажираме малку повеќе. Кавадаречката полиција да преземе мерки и почесто да прави контроли, особено да се присутни за време на викенди на влезовите и излезите од градот, за превентивно да се дејствува врз децата, апелира тој.

Вакви сознанија добил и советникот Зоран Јованчев, кој е претседател на Комисијата за безбедност во сообраќајот на патиштата. Тој исто така изрази загриженост како и сите други на седницата и посака превентивното дејствување уште од најмлада возраст да вроди со плод во борбата против алkoхолизиpaноста.

Се oпивaaт и кавадарчани на 14 години

За тоа колку возачи кои управувале со моторни возила под дејство на алkoхол биле исконтролирани во 2018 година, МИА побара одговор од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Минатата година биле исконтролирани вкупно 4.659 возачи во Велес, Кавадарци и Неготино. Од нив, 918 биле позитивни. Од 2.452 исконтролирани во Велес, позитивни биле 443 возачи. Позитивни биле 248 возачи, од вкупно проверени 1.494 во Кавадарци. Проверката кај 713 возачи во Неготино покажала позитивни резултати кај 227 од нив. На сите кои управувале под дејство на алkoхол им биле одземени возачките дозволи, стои во е-пораката од портпаролот Верољуб Додевски.

Дека пиjaнствата не се ретка работа во градот на виното и pакиjaта потврдува и доктор Драган Димитров од Итната медицинска помош во Кавадарци.

-За несреќа, континуирано се соочуваме со доста пиjaнcтва за време на нашата работа. Трагедија е што пиjaт и многу млади луѓе. А пиjaт и машки и женски. Најмладото пиjaно лице што ни било донесено имаше само 14 години. Најмногу се пиe за викенди и празници. Сите млади кои се пиjaни, како по некое непишано правило, се правдаат дека им е првпат. А повозрасните се правдаат дека испиле само понекоја чашка. И меѓу едните и меѓу другите имаме и такви кои од премногу алkoхол паѓаат и во бессознание, откри докторот за МИА. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This