КАВГА ВО ВЛАДАТА : Кој прв ќе лета од кабинетот на Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нервозна атмосфера и дебата на последната владина седница во која биле вклучени министри, но и самиот премиер Зоран Заев, пренесува Магазин. Од извори од извршната власт се започнало кога министерот за финансии Драган Тевдовски јавно изнел забелешки на адреса на неговиот колега Кочо Анѓушев, пренесува Магазин.

Забелешките се однесувале првенствено за процедурите за изградбата на автопатиштата, кои се уште се во тек. Во целата ситуација се вмешал и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но и премиерот Зоран Заев, кој ги искритикувал министрите дека не работат како што треба.

премиерот Заев негира дека имало недоразбирања, но сепак открива дека пред пет дена на Економскиот совет дал конкретни насоки за капиталните инвестиции, пред се железницата и гасификацијата. Заев вели дека прашањето за автопатиштата е затворено. На истата седница забелешки имало и за односот на Хазби Лика.

Не може да не доаѓа на седници и затоа ќе мораме во брзо време да донесеме одлука. – открива Заев.

Поради целата ситуација не треба да се исклучи можноста наскоро да има реконструкција на владата.

Доколку се случи тоа местото на Хазби Лика би дошол Атила Реџепи, шеф на штабот на ДУИ за референдумот. Информациите говорат реконструкцијата би можела да го опфати министерот за финансии Драган Тевдовски, евентуално и минисерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Сепак, од Владата велат дека во моментов воопшто не размислуваат за кадровски смени во владиниот кабинет.

Извори од владата лиферуваат дека можно е да бидат сменети и министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, како и министерот без ресор, Аднан Ќахил.

Што се однесува до министрите на ДУИ, сигурни на своите позиции засега се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, но и Садула Дураку, прв човек на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This