March 29, 2024, 10:23 am

КАВГА ВО СДСМ: СДСМ Скопје со услов: „Тевдовски и Анѓушев, отстранете ги двајцата или ниту еден од нив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огранокот на СДСМ во Скопје настојува доколку „метлата“ го опфати министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со него да биде опфатен и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, пренесува ТВ21.

Барат да се разpешат или двајцата или ниту еден од нив. Од СДСМ нeгираат дека има нeсогласувања во партијата. Од таму велат дека се ќе се знае до крајот на јуни.

Од друга страна, ТВ21 дознава дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори.
Во јавноста се зборува дека доколку Тевдовски го сменат, него ќе го замени сегашната директорка на УЈП, Сања Лукаревска, која ја има поддршката и на бизнис заедницата поради коректниот пристап и доброто партнерство со бизнисите.

Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски, вели дека ова е за поздрав. Според него со реконструкција на владата се поставува принципот за отчетност.

Извори на ТВ21 велат дека ДУИ во првата фаза на реконструкција ќе побара да има измени и на ниво на директори, а за министрите ќе дискутираат подоцна.

Како што дознава ТВ21, ДУИ со реконструкцијата на владата ќе добие и некои нови управи. Но како ќе се одвива реконструкцијата на Владата, ќе се знае следните денови.

Инаку, пред неколку дена премиерот, Зоран Заев, истакна дека доколку во јуни или јули Северна Македонија не добие датум за преговори, една од опциите е и враќањето на мандатот. Доколку работата стигне до таму, според Заев се отвораат две нови опции, формирањето на нова Влада или предвремени избори, за кои вели дека се штeтни за економијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This