КАВГА НА РЕЛАЦИЈА ЗАЕВ – ТАРАВАРИ: Заев не го интересира тоа што на Таравари му паѓал рејтингот, ама не смее да ги чепне директорите на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случува во владиниот кабинет, откако Таравари започнал да се заканува на кадрите поставени лично од Зоран Заев, како директори на клиники и здравтвени установи низ Македонија

Како што дознаваме од добро упатени извори познати на редакцијата, по телефонскиот повик на Таравари во охридската болница и упатените закани од негова страна до директорката, министерот за здравство добил повик лично од Зоран Заев.

Според неофицијалните информации, Зоран Заев му ставил јасно до знаење на Таравари дека „воопшто не го интересира тоа што му паѓал рејтингот“, и му наредил дека „не смее да ги чепне“.
Ова особено се однесувало на директорката во Охрид која инаку е член на Централниот Одбор на СДСМ, но и за директорката на ГАК во Скопје која пак е лична пријателка со Зорица Заева, сопругата на Зоран Заев.

Од она што го дознаваме од кабинетот на Таравари, тој од самиот почеток увидел дека нема да му биде даден доволен простор да раководи со здравството, но и дека нема да има капацитет. Како што додаваат оттаму, на Таравари му било забрането да се меша во кадровската политика во МЗ, а за тоа бил задолжен лично Заев.
На ова, Таравари размислувал да ја напушти функцијата и да се кандидира за градоначалник, но по трагедијата со починатите бебиња, најверојатно ќе ја одбие таа понуда поради намалениот рејтинг.

 

 

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This