Каде грешиме при чистењето на лицето?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чистењето на лицете е основна рутина кога е убавината во прашање. Сепак, понекогаш и покрај тоа што користиме можеби поквалитетни препарати и ја негуваме кожата, не добиваме добри резултати.

Причината може да е во некоја од грешките што ги правите при чистењето на лицето, а ви ги презентираме во продолжение:

Температура на вода

Постојат митови кои велат дека топлата вода е подобра, а други дека студената вода е подобра за лицето. Всушност, вистината е дека млаката вода е најдобра. Изберете златна средина, бидејќи премногу топлата вода може да го исуши лицето, а премногу студената да ги затвори порите.

Соодветен препарат

За да препознаете кој препрат е соодветен за вашата кожа, мора да ја набљудувате. Средството за чистење лице треба да ги исчисти сите траги од шминка, нечистотија, а притоа да ги негува и заштити здравите клетки на кожата на лицето. Она што со сигурност може да се препорача е дека препаратот не треба да биде премногу груб, агресивен. И уште нешто на што треба да внимавате е после нанесувањето на истиот, добро да го исперете со вода.

Премногу често користите пилинг

Ако кожата ви е премногу чувствителна, секојдневниот пилинг не е добар избор за вас, уште помалку ако е агресивен. Исто така, доколку средството за чистење лице што го користите содржи благ пилинг, не е препорачливо да го правите два пати дневно. Навечер е сосема доволно, во спротивно кожата ќе ви биде иритирана. Инаку, детален пилинг е сосема доволно еднаш неделно.

Не миете раце

Сигурни сме дека уште од деца го имате усвоено правилото дека лицето не треба да се допира со нечисти раце. Меѓутоа, кога е чистењето на лицето во прашање, многумина забораваат да ги измијат или мислат дека нанесувањето на средството со раце практично ги чисти двете. Но, ако не ги измиете рацете и пред чистењето на лицето, ги пренесувате бактериите од рацете на лицето.

Вечерно чистење на лице

Поголемиот дел од жените, најголемо внимание обрнуваат на вечерната нега. И не можеме да речеме дека нема логика, бидејќи тогаш го чистиме лицето од шминката и сите нечистотии насобрани во текот на денот. Но, од друга страна, негата на лицето наутро е мошне значајна бидејќи млаката вода во комбинација со нежна масажа на лицето, ја подобрува циркулацијата, а воедно ги отстранува мртвите клеки кои се создале во текот на ноќта. Затоа, не прескокнувајте го утринскиот термин за нега на лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This