КАДЕ Е НИКОЛА: Екс-премиерот сместен во вилата на шефот на Унгарската влада Виктор Орбан?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите на репортерот на 1 тв, Никола Груевски бил превземен од хотелот каде престојувал и бил однесен во вилата на премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Според нецелосните информации , односно според информатор на новинарската екипа од 1 тв, Никола Груевски бил во вилата на Орбан.Но, останува отворено прашањето дали е во една од вилите, како гостин или е во резиденцијата на Претседателот на Владата на Унгарија Виктор Орбан, што секако не е исто.

Хотелот во кој наводно престојувал Никола Груевски и каде преспал една вечер, наводно е еден елитен хотел во Будимпешта.

Дали станува збор за шпекулација или точна информација, останува да се провери во текот на денешниот ден.

Воедно се постaвува прашањето дали нашата амбасада во Унгарија функционира и зошто во текот на денот немаме никаква реакција и дејствија, па ниту некое штуро соопштение од нивна страна, ако се има предвид дека Никола Груевски пред се е македонски државјанин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This