КАДЕ Е СЕГА ЗАБРЧАНЕЦ: Власта во заминување фатена живa како шири лaжни вести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Текстови за корупциски скандал на руски министер за внатрешни работи, објавени на рускиот опозициски портал Новаја газета, им послужиле на „големите креатори на сдсмовската вистина“ како совршена подлошка да креираат лажна вест за наводно подмитување на лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски, пренесува Република.

Сдсмовскиот портал Пресцентар.мк (Импресум: Координатор на Проект: м-р Боркица Илијева; Главен и одговорен уредник: Милица Нонковска; Здружение на граѓани „Седма сила“; Контакт Телефон: +389 74 230 230) синоќа објави лажна вест дека Мицкоски во Будимпешта добил милион и шестотини илјади евра од дипломати за да ја блокира Македонија на евроинтеграцискиот пат. Како „доказ“ приложиле фотошопиран пронтскрин од веста на рускиот портал.

Неколку факти за сдсмовските лаги
1. Московска Новаја газета е опозициски весник, кој го основал Михаил Горбачов со парите од Нобеловата награда. Настроен е против власта и пишува главно за афери на актуелните функционери во Русија.

„Бомбата“ на сдсмовскиот портал, всушност е колаж од текстови, во кои секако не се споменува Христијан Мицкоски.

2. Точниот превод на текстот што го објавува Пресцентар гласи:

Името на полковникот на Федералната служба за безбедност Дмитриј Голиков гласно одекна во целата земја во септември 2019 година, кога офицерот бил во Унгарија, па во станот на неговиот пријател Атила Борош во Дембинска улица 10 во Будимпешта биле пронајдени 1,6 милиони евра, 124 илјади долари со многу сериозни инструкции за Х. Мицкоски од Македонија. На истиот ден, 19 септември, во друг стан, кој официјално му припаѓа на Голиков, биле одземени 600 илјади евра, 20 илјади долари со многу сериозни инструкции. Треба да се нагласи дека офицерот на ФЦБ редовно ја напуштал Русија. Информација за едно негово патување била нагласена дури и во Николискиот реонски суд во Москва во април стата година, кога…

Или како што е на слободно пренесено на Пресцентар.мк: „По објавените фотографии а и видео снимки за средбата на Мицкоски со руските дипломати на рускиот портал „Нова Газета“ е објавена информација дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ добил 1,6 милиони евра и 124,000 долари за да изврши сериозни задачи по добиени инструкции. Ова ли е причината за тајната средба на Мицкоски со руски дипломати?“

Очигледно е дека се работи за колаж составен од друг текст со вметнати податоци на Мицкоски.

3. Средбата на Мицкоски во руската амбасада не беше тајна, како што се обидува власта преку Саше Политико и вакви квазипортали да претстави. Пресретнат од квазиновинарот Саше Политико, Мицкоски даде изјава, а набрзо за средбата информира тој на Фејсбук и партијата преку партиско соопштение.

4. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се најде во лажната вест, објави демант на оваа небулоза, но таа не е објавена на сдсмовскиот портал.

Во демантот, меѓу другото, Мицкоски напиша: „И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот“.

5. Специјалниот допсник Ирек Муртазин на 14 октомври 2019 година не објавил текст на московскиот опозициски портал.

6. Пјотр Саруханов е главен уметник, член на редакцијата. На порталот можете да видите илустрации со неговиот потпис, но не и текстови во рубриката Општество.

Ниту еден текст објавен на 14 октомври 2019 година не бил илустриран со фотографија / илустрација на Пјотр Саруханов

7. Креаторите на лажната вест го искористиле старото лого на порталот за вест објавена пред две недели.

8. Откако почна да се бори против лажните вести со силина небаре е во вистинска војна, со ровови, шлемови и митралези, Владата почна да ги продуцира на ангро. Веќе сме пишувале за „нивната вистина“, но добро е да се потсетиме како лаже една власт во заминување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This