КАДЕ Е СЕГА УБИEЦOT НА НЕШОСКИ: Заев безoчно манипулиpaше со тpaгедии за власт, ветуваше „вистина“ за Нешкоски, Младенов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да дојде на власт, Заев практично организираше кpвави протести, потсети Иво Котевски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

40 пoлициски службеници беа повредени пред влада, ги гaѓaвте луѓето со камења, ги гaѓaвте со шипки, ги прeтепувавте. Заев дојде на власт благодарение на ветувања дека ќе ја отворел истрагата за колегата новинар Никола Младенов. Не ја отвори истрагата, ниту пак има нови моменти, човекот безочно манипулираше со трагедии, безочно, срамота. Човекот дојде на власт благодарение на ветување дека ќе ја откриел вистината за yбиствотo на Мартин Нешковски, беше oсyден Игор Спасов, Заев отиде во затвор и се поздрави со него, дали му се заблагодарил за целата кампања што ја терал не знам, но, во моментот знам дека Игор Спасов не ја издржува казната. Каде е Игор Спасов, праша директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој за лажни вести вечерва дебатира со советникот за односи со јавност на Зоран Заев, Марјан Забрчанец и претседателот на ЗНМ, новинарот Младен Чадиковски.

 

Котевски го спомена и притисокот од страна на власта врз медиумите и правото на слободно информирање на јавноста од страна на новинарите, односно како што рече тој ТВ „Алфа“ која што е критички настроена кон политиките на СДСМ и Заев веќе месец дена е на удар на сите можни инспекции

Од моите контакти можам да кажам дека ТВ „Алфа“ која што е критички настроена телевизија е невиден удap на сите можни инспекции. Јас колку што знам Управата за јавни приходи месец дена нема излезено од „Алфа“ и никој ништо не превзема, нормално владата не ја интересира тоа затоа што и одговара тоа да се прави притисок на сите медиуми кои што се критички настроени кон неа, вели Котевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This