КАДЕ ЗАВРШУВААТ РУСКИТЕ ПОДМОРНИЦИ: Каде нуклеарните подморници ги оставаат своите „срца“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со години складиштето на руските реактори од нуклеарните подморници во поларниот круг е познато како едно од најопасните места кое влева страв на цела Европа. Но, германската помош во вистински момент придонесе потенцијалните ризици во голем степен да се намалат.

Наследство од ерата на студената војна
По распадот на Советскиот Сојуз Русија наследи големо количество нуклеарно оружје, како што се стратешките бомбардери, интерконтинентални балистички ракети и подморници на нуклеарен погон. За да се намали нуклеарната закана по светот, Русија и САД започнаа неколку иницијативи за намалување на својот нуклеарен арсенал.

Во рамките на една од овие инцијативи, Програмата за заедничко намалување на заканата (CTR), позната како Програма Нан-Лугар, САД на Русија ѝ обезбеди средства, стручњаци и опрема за да се обезбеди ефикасна нуклеарна демилитаризација.

Сепак, расходувањето на нуклеарните подморници не е лесна задача. Освен радиоактивното гориво и отпадот, со особено внимание мора да се третира „срцето“ на подморницата, односно нејзиниот нуклеарен реактор.

Срцето на подморницата
Поради радиоактивната опасност реакторот не може да биде едноставно фрлен. Обично се отстранува заедно до делот на подморницата во кој е сместен. Овој дел служи како контејнер кој ја спречува радиоактивноста во другиот дел на подморницата.

 

 

Откако делот со реакторот ќе биде изваден од подморницата, тој се префрла во специјално складиште каде се чува најмалку 70 години. Дури по овој период нивото на радиоактивност е доволно ниско за процесот на расходување да се продолжи.

Првото руско складиште за нуклеарни реактори се наоѓа во поларниот круг, во заливот во близина на селото Сајда Губа во Мурманската област. Во 1990 година населбата е предадена на Северната флота која го користеше за складирање на реакторите од своите „пензионирани“ нуклеарни подморници. Во специјалните постројки овие сегменти се одделуваат од подморницата, а потоа се префрлани во Сајда Губа за складирање.

Едно од најопасните места на Земјата
Проблемот беше во тоа што не постоеше посебно конструирано место за чување на овие опасни реактори. Тие се собираа во заливот и пловеа околу пристаништето.

Според првобитниот план, складиштето требаше да биде подигнато за десетина години. Но, дојде 2003 година, а на видик немаше никакво складиште, немаше дури ни проект. Во меѓувреме во заливот се собраа над 50 реактори.

 

Европските земји изразија загриженост поради лошите и непримерни услови во кои се складираат реакторите во Сајда Губа. Ова не само што ја загрозуваше животната средина на Арктикот, ами можеше да предизвика и вистинска нуклеарна катастрофа во северна Европа.

Од зборови на дела
На почетокот на минатата деценија Европејците и Русите започнаа соработка со цел намалување на потенцијалната закана на Сајда Губа. Во 2003 година руското министерство за атомска енергија и германското министерство за економија потпишаа договор за изградба на крајбрежно складиште за реактори од нуклеарните подморници. Германија за 15 години вложи над 700 милиони американски долари во овој проект. Таа на Русија исто така ѝ ги обезбеди потребните технологии и стручњаци.

Така до 2017 година изградено е складиште на копно за 155 реактори. Организирана е нова работилница за чистење и бојосување за да се обнови антикорозивната заштита на контејнерите со реактори. Оваа важна процедура се повторува на секои десет години во текот на периодот од 70 години.

И не само тоа. Сајда Губа доби железница, нови пристаништа и целата неопходна инфраструктура за работниците кои се ангажирани во овој проект. Еколошката ситуација во регионот е во голема мера подобрена.

Губернаторот на Мурманската област Марина Ковтун вели дека руско-германскиот проект во Сајда Губа е единствен пример за меѓународна соработка за нуклеарно расходување, не само во Мурманската област, ами и во цела Русија. „Без германската помош олку опсежна работа во Сајда Губа би траела значително подолго“, вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This