April 19, 2024, 11:25 am

КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ?: Буџетот 3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции. Зоран Заев и Нина Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека власта одвојува за капитални инвестиции исто како лани, а буџетот е значително поголем.

-Власта првин им скрати на пензионерите 600 денари 3 години по ред, за сега да им дава само 700 денари и тоа од до година. Тоа се 1800 денари помалку за пензионерите кои им ги зема Зоран Заев доколку останеше старата пресметка и наместо за нив отидоа на тендери и милионски бизниси на луѓето блиски до врвот на власта. Три години не одвоија пари за енергетиката, не одвојуваат ниту сега. Нема пари за Чебрен и Галиште, нема пари за РЕК Битола и Осломеј, нема пари за ништо. Зоран Заев ги излажа и земјоделците. Со новиот буџет нема пари за земјоделците. Се останува исто. Зоран Заев со овој буџет спрема потенцијален потkyп на гласачи пред избори, се наведува во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека лагите и популизмот од претходните избори нема да му поминат повеќе. На 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This