March 29, 2024, 11:59 am

КАДЕ СЕ „ЗЕЗНА“ СОРОС: Отвори фронт со Израел против народот кој има максимална доверба во Нетанјаху!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И Израел и израелските граѓани го прочитаа делувањето на финансиерот- донатор Џорџ Сорос, остро спротивставувајќи им се анти-израелски групи финансирани од Фондацијата на Сорос, кои работат и делуваат против интересите на израелската држава, одејќи и дотаму што тврдат дека Израел немал право да постои, а израелскиот народ немал право на своја држава.
George-Soros-War-on-Israel

Начинот на делување на Сорос во Израел сличен како во Унгарија, САД, Македонија, Словачка, Полска…

Серија објавени документи откриваат дека Сорос преку Фондацијата „Отворено Општество“ дава огромни суми пари на голем број анти израелски организации чија цел е оцрнување на израелската влада и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Новообјавени документи, кои во јавноста се излегоа пред неколку месеци овозможуваат подлабок поглед во операциите на мрежата во Израел и Палестинската самоуправа, со тоа што милиони долари годишно се издвојуваат за организациите кои се насочени против Еврејската држава, а дел од нив велат дека таа нема право да постои.

Листата на организации е откриена преку објавените документи, а еден документ покажува дека во периодот до 2015 година Сорос дал околу 9,5 милиони за групации како Адала, Ал-Туфула центарот, Арапската асоцијација за човекови права, Баланда, Галилеја, Молад, Нов израелски фонд и други слични на нив.

Според друг документ на Регионаланата арапска канцеларија, со датум 6 август, 2015 година, мрежата “Сорос” за организацијата “Адала” издвоила 14 грантови во вредност од 2.688,561 долари. Независната организација за човекови права, како што се опишува самата, имаше важна улога во обвинувањето на Израел за воени злосторства во неколку прилики на меѓународните форуми и бараше од владите ширум светот да ги прекине или намали дипломатските односи со Израел.

Дополнителни девет грантови во вредност од 1.083.000 долари се издвоени за “И’Лам”, палестински медиумски центар со седиште во Назарет.

israel

Израелските кукли на Сорос располагаат со огромни средства

-Ако се прашувате кој стои зад финансирањето на мрежата левоориентирани невладини организации во Израел, кои имаат за цел да ја соборат владата на Нетанјаху и да го претворат Израел во една мнозинство арапска држава, тогаш одговорот е дека тоа е истиот човек кој го финансира движењето „Окупирај го Волстрит“, Џорџ Сорос. Тел Авив има можност да се соочи исти левичарски протести, очигледно сите координирани од една централа, пишува американскиот автор Сем Бламенфелд.

Тој додава дека НВО империја се користи од страна на Џорџ Сорос за да се обликува иднината на Израел. Таа империја на Сорос според него била изграден преку нетранспарентност, со скриени листи донатори и тинк-тенк организации финансирани од организации кои се под капа на „Отворено општество“.

-Глобална агенда на Сорос е она што тој придонесува за економска и политичка нееднаквост.. Неговиот обид за соборување на Владата на Нетанјаху предизвика интензивна омраза меѓу многу поддржувачи на Израел. Кампањите водени преку неговите НВО престатвуваат закана за долгорочно влијание на Сорос во Израел. Неговите израелски “кукли“ имаа огромни суми на пари на располагање, пишува Бламенфелд.

Меѓу оние кои во Израел работат за да ја поткопаат Владата на Нетанјаху е Новиот Израелски фонд фонд (NIF), сестринска организација на „Отворено општество“, чиј годишен буџет изнесува 25 милиони долари и се користи за финансирање на ултра радикални групи, кои повикуваат на бојкот или целосно уништување на државата Израел.

benjamin

Хајка против Нетанјаху за наводен корупцуски скандал

Главна препрека за релизација на анти изреалскиот план на Сорос е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Сорос разбира дека само со финансирање на про арапски организации кои имаат за цел критика кон Израел не може да го детронизира Нетанјаху кој има подршка од народот и затоа применува кон добро испробан план каков што спроведува во голем број на источно еропски и балкански земји, и кој подразбира отворање на истраги и обвинувања кон политичарите кои застапуваат национални влади и имаат суверенистички пристап, и сето тоа подржано со напади од про левичарски и либерални медиуми и невладини организации над кои Сороос има контрола.

Кон крајот на месец декември минатата година, дел од израелските медиуми лиферуваа наводен корупцсики скандал во кој бил вмешан израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху . Истрагата се водеше поради подароците коишто Нетанјаху како премиер наводно ги добивал од деловни луѓе.

Нетанјаху категорички ги отфри сите обвиненија за незаконско постапување, повторувајќи дека „од тоа нема ништо да има, бидејќи и нема ништо“. Тој ги обвини левичарските медиуми и политичари дека сакаат да го соборат.

-Се разјасни дека долгогодишниот, секојдневен прогон на мене и моето семејство нема основа. Нема апсолутно ништо, рече Нетанјаху во писмената изјава, објавена од неговиот кабинет.

Инаку, интересен е фактот што обвинението против Нетанјаху беше поднесено само еден ден откако израелскиот премиер испрати низа критики кон поранешната американска администрација на демократите.

sheldon

Факторот Шелдон Анделсон – десничарскиот противник на Сорос во Америка

Израелските медиуми објавуваат дека една од причините и мотивациите на Сорос да се бори против Нетанјаху и неговата изреалска политика, е блиското пријателство на изреалскиот пермиер и американскиот мултулијаредр од еврејско потекло Шелдон Андерсон, кој е подржувач на десната опција во САД.

Во текстот на „Хафингтон пост“, Аделсон е опишан како човек кој има голем интерес во израелската политика, но и во изборите во Америка. Тој е силен подржувач на Нетанјаху и е финансиер на изреалскиот весник „Израел Денес“ кој дава силна подршка на Нетанјаху, пишува Хафингтон Пост.

Шелдон Анделсон е еден од подржувачи на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. По првичната подршка за Тед Круз минатото лето Анделсон почнува да го подржува Трамп и тој е еден од главните финансиери на Републиканската Партија, кој донирал над 100 милиони долари за републиканците, објавува Ал Џезеира.

Влијателниот изреалски весник Харец пишува дека интересот на Анделсон е да финансира изреалски медиуми кои би направиле баланс на левичарсите медиуми кои ги финансира Сорос.

Во 2015 година Сорос се обидува да го сузбие влијанието на про Нетанјаху весникот „Израел Денес“, преку обид во Кнесетот (Парламентот) на Израел да се изгласа закон со кој ќе се забрани овој весник кој го финансира Шелдон, и тоа само заради фактот што весникот се дистибуирал бесплатно. Овој предлог го поднесува Ционистичката Унија која е левичарска партија во Израел и која е под контрола на Ципи Ливни политичарка за која се знае дека е во многу блиски односи со Сорос.

Обидот на Ливни не успева заради предвремените избори во Израел на кои повторно победува Нетанјаху.
Целата операција има голема подршка од Арнон Мозес кој е сопственик на изреалскиот левичарски весник Једиот Ахронот, и е еден од главните непријатели на Нетанјаху. Овој весник е фаворизирачки кон Ципи Ливни опозиционерка на Нетанјаху.

Нетанјаху во своја одбрана истакна дека главна цел на Арнон Мозес е негово оцрнување.

Во минатите недели нападите кон мене не с епојавуваат веке еднаш дневно, односно наутро кога се дистрибуира Једиот Анхорон. Тие сега се објавуваат на скоро секој час, некогаш и на половина час, на порталот на весникот. И весникот и порталот креираат вести кои се лажни и кои имаат за цел да ме оцрнат мене и мојата жена, и тоа како дел од медиумска кампања да се замени Владата на Ликуд со некоја левичарска влада и да се врати контролата на Мозес врз медиумите, напиша Нетанјаху на социјалните медиуми.

netanjahu
-Методот е едноставен. Секој ден и секоја ноќ внимателно филтрирани транскрипти и меѓународни лаги се дистрибуираат против мене. Се разбира додека истрагата трае јас не можам јавно да се бранам, и не можам на јавноста да и ја кажам вистнската приказна позади овој напад со што ќе стане јасно дека нема никаков криминал, одговори Нетанјаху.

Германскиот „Алгемајне“ пишува дека Сорос ги финансира левичарскте медиуми во Израел чија цел е да се сруши Натанјаху.

-Израел има слободни медиуми. Иронично, Сорос сега троши огромна количина на време, на пари и на труд за да влијае на медиумите, објавува Алгемајне.

Сепак мнозинството Изреалци и покрај отворените истраги подржуваат останување на Нетанјаху на премиерската позиција. Изрелскиот премиер има 50% подршка од израелците, додека 36% според анкетата се за негово повлекување од функцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This