Каде се и што прават сега: Ламбе обезбедување на аердром, Ноне на брод, Маја Вуќичевиќ и Татјана во Сиднеј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот народ со години наназад веќе, со желба за подобра егзистенција и живот, среќата ја бара надвор од нашата земја, а исклучок во тоа не се ниту нашите естрадни ликови, кои иако оставија голем печат во македонската музика, на крајот се решија да заминат од тука иако тоа би значело да се откажат и од музиката.

Некогашната музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски кој во минатото важеше за вистински заводник кај понежниот пол веќе неколку години не живее во Македонија, но не се занимава и со музика.

Ламбе Алабаковски, македонскиот пејач денес живее во Америка, а наместо да се дружи со микрофонот, се занимава со друга професија и е обезбедување на Аеродром.

Тој е оженет со Магдалена со која го имаат синот Михаил и живеат во Детроит, САД.

Маја Вукичевиќ пак се пресели во Австралија, дознава „Женски магазин“ од блиски пријатели и соработници на пејачката. Причината за нејзиното иселување е наводна љубовна врска со нашинец кој долги години живее во Сиднеј.

Вукичевиќ пред неколку години комплетно се повлече од музичката сцена. Во меѓувреме се посвети на нејзината прва љубов – новинарството и неколку месеци беше дел од тимот на едно домашно списание.

Маја има син, Гораст,кој лани дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, а во тој период таа со емотивен статус раскажа лична приказна.

“Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки. Летна времето. Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес си дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години, има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех. Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое, и запомни, парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да ѝ дадеш вредност на таа диплома.

Ти честитам сине и те сакам неизмерно. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца.“, е дел од посветата на Маја за синот.

Ноне пак веќе години наназад работи на брод. Знаеме сите дека оваа работа не е воопшто лесна бидејќи понекогаш со месеци не се стапнува на копно и постојано сте во движење, но по се изгледа дека на нашата поранешна пејачка тоа и одговара и одлично се снаоѓа со новата професија.

„Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера. Филмовите на Марвел и ДС ми се фаворит за опуштање“, изјави Ноне во една прилика.

Татјана Лазаревска од 2015 година се пресели во Австралија и таму го најде својот втор дом. Таа сеуште не заборавила на музиката, па кога и да има време за да се врати во родната земја, не изостанува и некоја свирка, настап или можеби само пријателска дружба со колегите од естрадата исполнета со многу музика.

Естрадната фолк двојка Новица Василевски и Татјана Лазаревска во далечната Австралија се преселија заедно со своите два сина и по она што можеме да го видиме на социјалните мрежи тие навистина уживаат во топлината и сонцето на оваа земја.

Последен пат Татјана со семејството беше во Македонија минатата година и тоа не малку подолг период, до крајот на месец септември и целосно го искористија времето тука и остварија многу средби со пријателите и колегите од естрадата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This