КАДЕ СЕ ПАРИТЕ НА НОВИНАРИТЕ: Новинарите од МПМ си ги бараат парите од неисплатените плати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние, поранешните вработени во пропаднатата фирма во ликвидација „Медиа принт“ и на ограбената медиумска компанија со матен статус „Медиа принт Македонија“ ги прашуваме Срѓан Керим и Јана Станисављева каде се нашите пари?

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МЕДИУМИТЕ
Каде се парите на новинарите од МПМ и МП?
Ние, поранешните вработени во пропаднатата фирма во ликвидација „Медиа принт“ и на ограбената медиумска компанија со матен статус „Медиа принт Македонија“ ги прашуваме Срѓан Керим и Јана Станисављева каде се нашите пари?

Овие две личности, нивниот доскорашен партнер Орце Камчев, како и Александар Динев, на вработените во МП, МПМ, Графички центар и во „Телеграф“ им должат по две до три неисплатени плати и придонеси, но пред сè, им должат одговори на многу прашања.

Дали Керим неколку месеци по уништувањето и згаснувањето на дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, неделникот „Теа Модерна“ и веб-порталот „Телеграф“ не чувствува трошка срам што 400 луѓе поради него останаа без работа, па се појавува пред народ во Штип за да говори за значењето на претседателот Киро Глигоров? Заборава ли на неговото лично негативно значење и заборава ли дека треба прво да се раздолжи ако мисли да се факторизира во јавноста? Си помислува ли дека историјата ќе го запише како лик што сакаше да управува со светот преку лидерство во ООН, а успеа само да стане гробар на најквалитетните весници во Македонија?

Мисли ли Керим дека времето кога се криеше од новинарите што штрајкуваа за плати поминало, дека сè е заборавено, па сега пак ќе се перчи? За нас тој е обичен измамник и лицемер што уживаше да повторува дека главна водилка во работата му се нашите деца, за чии родители неговата компанија обезбедува стабилност и плата, а всушност излезе дека го водела само алчноста за лично богатење.

Дегутантно ни е да го гледаме како говори во јавноста додека неговите акти резултираа со лични трагедии меѓу вработените. Тој прво треба да каже каде се весниците и каде се нашите пари пред да зборува што било друго.

Станисављева мирно ли спие откако со платата од 25.000 евра месечно си обезбеди егзистенција за неколку децении, а вработените останаа на улица и без леб?

Се чувствува ли како успешна менаџерка откако профитабилната компанија пропадна под нејзин потпис?

Трча ли пак со километри од стрес, како што сакаше да лаже?

Или во „животот по МПМ“ не мора да намалува плати додека ѝ дава донации од 300.000 евра на партијата на власт, не мора да става обезбедување да ја чува од доверители на кои им должи пари и не мора им се заканува со пикадо на вработените што се интересираат кога ќе земат плата? Уште ли прашува наоколу „знаете ли која сум јас“ или си молчи откако „се прослави“ со згаснати пет медиуми?

Керим и Станисављева не ни мора нам да ни одговараат на овие прашања. Нека си одговорат пред надлежните институции во МВР и Обвинителство, пред кои уште во јуни годинава новинарскиот синдикат им поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, затоа што како сопственик и директор свесно и со умисла го намалувале имотот на компанијата со цел изданијата да згаснат.

Ние само ги бараме нашите плати и ќе продолжиме да ги прашуваме двајцава бизнисмени, исто како и најбогатиот Балканец Камчев, кој ем делел по 25.000 евра месечно ем должи ситни плати, исто како и директорот на несреќната МП, Александар Динев – каде се парите?

Апелираме до надлежните што поскоро да го испитаат сегашниот статус на фирмите МПМ и на МП, а личностиве ги повикуваме да се раздолжат со вработените и да ги продадат брендовите што немилосрдно ги уништија.

Поранешни вработени во МПМ и МП

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This