КАДЕ ТАКА, НЕВЕСТО: Меланија Трамп тргна во обиколка на поплавите во Тексас во штикли и со авијатичарски очила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата дама на САД Меланија Трамп предизвика потсмев на социјалните мрежи денес, откако беше фотографирана како со својот сопруг Доналд Тарамп се движи во обиколка на катастрофалните поплави во Тексас со високи потпетици и авијатичарски очила

„Помошта е на пат, Тексас. Не се грижете, Меланија ги носи своите шпицасти штикли специјално за олујата“, напиша во порака на Твитер комичарот Бред Волак додека Џеј Ди Алтман напиша дека „некој треба да и каже на Меланија дека штиклите треба да и бидат малку повисоки за таа поплава“.

Комичарката Џесика Кирсон и честиташе на првата дама, велејќи дека тоа што го облекла таа е „извноредна идеја…Можете да го собирате отпадокот од вашите потпетици“, додека некој напиша „не е модна недела во Милано, Меланија“.

„Меланија изгледа како Барбика која помага во поплавите. Девојки, Луб чевлите не се непропустливи“, напиша Марија дел Русо, наведувајќи ја скратеницата за луксузната марка на чевли Лубутен.

Покрај чевлите со високи потпетици, првата дама исто така е критикувана поради два модни детали, зелената авијатичарска јакна и очилата.

Нејзиниот сопруг Доналд Трамп без кравата исто така се припремил за дожд, облечен во ветровка со знакот на претседателството, и во солидни чевли кои изгледаат непропустливо.

„Таа мисли дека е во Топ Ган, претсижната амреиканска пилотска школа“, напиша еден корисник на Твитер додека друг ја праша Меланија дали таа ќе управува со авион до Тексас.

Меѓутоа, не сите и се смееа на нејзиниот изглед, некои беа и налутени. Така извесна Џенер Троманс која вели дека е фотограф и доживеала повеќе урагани, напиша дека е „ужасно бесна“ и дека тоа не е „сет за фотографирање“, туку дека луѓето се борат за своите животи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This