Каде ќе биде првата продавница на Лидл во нашата држава?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидл годинава планира да се прошири и во останатите земји од регионот. Веќе извесен период се зборува за отворањето на продавница и во Македонија. Според податоците, подружницата е под називот „Лидл Северна Македонија Дооел“, седиштето е во општина Центар, Скопје и е основана со паричен влог од 500.000 евра. Новата компанија ќе биде управувана од Софија, од бизнисмените Милена Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Тие се управители во компанијата во Бугарија. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавници и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Магазинот InStore уште во јуни ексклузивно објави дека „Лидл“ ќе влезе во Македонија. Според нивните извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку Лидл ќе го гради. Во таа насока е и информацијата за купување земјиште за изградба на објектот.

Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица-пишува Бизнис Вести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This