March 28, 2024, 11:12 pm

КАДРИТЕ НА ДУИ КРАДЕЛЕ АВТОМОБИЛИ ОД ОПШТИНАТА: Исчезнати службени возила и работни машини во „Комуналец“ во Гостивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раководството на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар,  на 11-ти јануари одржа прес-конференција на која во склоп на кампањата „Вистината за ДУИ“ откри дел од наводните злоупотреби направени во последниот мандат од страна на кадрите на ДУИ.

Портпаролот на претпријатието, Миртезан Салими, наброи 13 злоупотреби кои биле утврдени од страна на внатрешната ревизија, а биле направени во работната единица „Механизација“. Рече дека јавноста на следните прес-конференции ќе биде запознаена и со други злоупотреби.

„Нема повеќе ножеви за чистење снег, кои со знаење на поранешното раководство на Општината ги зела фирма блиска до нив. Трактор за чистење снег сосe ножот бил земен по наредба на поранешниот директор и сега се наоѓа во работилницата за механизмот во село Здуње. Два месеца пред локалните избори бил продаден исправен булдожер од марката ‘тегол дресер’. Една недела пред изборите бил продаден багер на ICB, а поранешниот возач на директорот зел еден кипер ‘мерцедес’“, информира Селими.

Посочи дека поранешиот возач на директорот зел и автомобил „волво“ во исправна состојба, што го користел една и пол година, а ја вратил само школката (каросеријата).

„Недостига ‘мерцедесот’ со жолта боја, како и автомобилот ‘хонда акфорд’, за кои не знаеме каде се наоѓаат. Автомобилот ‘лада’ и ден-денес се наоѓа кај поранешен работник во село Речане“, истакна Селими.

Потоа наброи и повеќе работни машини во сопственост на ова претпријатие, кои исто така се исчезнати или незаконски донирани.

„Автомобилот за обележување на патиштата го зел поранешниот раководител на одделението за сообраќај при Општина Гостивар, кадар на ДУИ. Исто така, не знаеме каде се наоѓа фрезата за сечење асфалт, а недостигаат и други алатки за секојдневна работа. Незаконски на Полициската станица Гостивар ѝ се подарени 29 пирамиди за блокирање на патот при изведување работи“, објасни Селими.

Директорот на претпријатието, Исак Лазами, ги информира новинарите дека во моментот не може да се утврди точната вредност на предизвиканата штета, но дека од презентираните податоци самите граѓани може да утврдат дека се работи за огромна штета, особено кога се има предвид материјално-финансиската состојба на претпријатието.

Лазами исто така истакна дека тие како претпријатие имаат обврска да ги откријат извршените злоупотреби и ги покани надлежните истражни и судски органи да преземат понатамошни постапки во согласност со законот.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This