April 19, 2024, 10:29 am

КАДРОВСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ ПОЗИТИВЕН ЧЕКОР: Политичките аналитичари ја поздравија најавата за кадровските промени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големо освежување во своите редови најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, доколку неговата партија успее да ја формира новата владина коалиција. Груевски во интервју за Дневник, вели дека смените на функционерите ќе бидат најзабележителни во третиот ешалон.

tribina-na-vmro-vo-sala-boris-28-640x397

-Да, пла­ни­рам. И тоа нај­мно­гу во т.н. трет еша­лон. Одеј­ќи во кам­па­ња­та од мес­то до мес­то, уви­дов де­ка во мно­гу мес­та има оп­рав­дан ре­волт од т.н. трет еша­лон. Не­кои од нив се и пре­дол­го на ис­та по­зи­ци­ја и поч­на­ле да се ру­ти­ни­зи­ра­ат и да се од­не­су­ва­ат прем­но­гу би­рок­рат­ски. Ги за­гу­би­ле жа­рот и енер­ги­ја­та. Има так­ви и во пр­ви­от и во вто­ри­от еша­лон. Има и лу­ѓе кај кој е вид­лив за­мо­рот. Има и так­ви што ги за­гу­би­ле енер­ги­ја­та и ви­со­ка­та мо­ти­ви­ра­ност што ја имаа. Поч­на­ле прем­но­гу ад­ми­нис­тра­тив­но да од­го­ва­ра­ат, без да се пот­ру­дат да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, ту­ку са­мо им да­ва­ат би­рок­рат­ски и ад­ми­нис­тра­тив­ни од­го­во­ри. Ед­нос­тав­но не „гри­за­ат“ ка­ко не­ко­гаш ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­те­ње, за по­ма­га­ње, за кре­а­тив­ност во се­кој­днев­на­та ра­бо­та, во бор­ба­та се­кој ден, од­нос­но и од­но­во да се до­ка­жу­ваш. Има­ат ка­па­ци­тет, има­ат зна­е­ње, има­ат ис­ку­ство, и с` е тоа во ред. Но не­ма­ат жар, го не­ма­ат ела­нот од по­ра­но, не се мак­си­мал­но мо­ти­ви­ра­ни, опуш­те­ни се. Зна­е­те се­кој што не се бо­ри за ус­пех на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја во­ди, со ист елан, енер­ги­ја, мо­тив, жар ка­ко да се бо­ри за сво­ја при­ват­на фир­ма од ко­ја му за­ви­си лич­ни­от оп­ста­нок, зна­чи де­ка го дос­тиг­нал зе­ни­тот и тре­ба да се за­ме­ни со не­кој друг, кој мо­же­би во по­че­то­кот ќе е по­мал­ку ис­ку­сен или ќе има неш­то по­мал­ку зна­е­ње, осо­бе­но она што се до­би­ва од ис­кус­тво­то, од ра­бо­те­ње­то, но ќе има жар, мо­ти­ви­ра­ност, сил­на ам­би­ци­ја, ќе соз­да­ва­ат воз­буд­ли­ва ат­мос­фе­ра во ин­сти­ту­ци­и­те со кои ра­ко­во­дат, ќе ги мо­ти­ви­ра­ат и дру­ги­те во таа ин­сти­ту­ци­ја, ќе ги раз­дви­жат ра­бо­ти­те, ќе вне­сат све­жи­на, чув­ство за се­кој­днев­но се­бе до­ка­жу­ва­ње и нап­ре­док, ин­ди­ви­дуи и тим кои пос­то­јат за да соз­да­дат го­ле­ми неш­та и кој по­бе­ду­ва. На се­кое мик­ро­ни­во на ра­ко­во­де­ње. Вак­ви про­ме­ни ќе има мно­гу, по­мал дел во пр­ва­та, по­го­лем дел во вто­ра­та по­ло­ви­на од оваа го­ди­на. Ова пот­ре­ба во нај­го­лем дел про­из­ле­зе од оде­ње­то на те­рен оваа го­ди­на и раз­го­вор со мно­гу лу­ѓе, ком­па­нии или са­ми­те ра­ко­во­ди­те­ли на раз­лич­ни ни­воа. И мои и на мо­и­те со­ра­бот­ни­ци те­рен­ски по­се­ти. Има и так­ви што тре­ба да се сме­нат по­ра­ди соз­да­де­ни ло­ши на­ви­ки, греш­ки и про­пус­ти во ра­бо­та­та, и во­ед­но да се да­де шан­са и на дру­ги од кои ќе се оче­ку­ва уш­те по­го­лем учи­нок и ус­пех. Ова ќе би­де кон­ти­ну­и­ран про­цес, но го­ди­на­ва ќе има еден по­си­лен бран ос­ве­жу­ва­ња, вели Груевски за Дневник.dastevski-3-640x363

Експертите позитивно гледаат на оваа најава на Груевски.

-Ќе дојдат млади кадри, нови кадри, кои во почетокот како што слушнавме ќе имаат можеби проблеми, првите неколку месеци, меѓутоа подоцна ќе имаат многу повеќе енергија и сила за спроведување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и една партија која постојано ја добива довербата од народот мора да прави такви промени, бидејќи многу долг временски период е на власт така што мора да ги испорача резултатите кои ги предвидела во својата програма, вели аналитичарот Александар Даштевски, за ТВ Сител.

Освежувањата во сопствените редови не се ништо ново за ВМРО-ДПМНЕ. Партијата во своето 10- годишно владеење во повеќе наврати правеше смени на многу раководни позиции во сите ешалони на власта.

 pandov-Ги загубиле жарот и енергијата. Има такви и во првиот и во вториот ешалон. Има и луѓе кај кој е видлив заморот. Има и такви што ги загубиле енергијата и високата мотивираност што ја имаа. Почнале премногу административно да одговараат, без да се потрудат да им помогнат на луѓето, туку само им даваат бирократски и административни одговори. Едноставно не ,,гризаат“ како некогаш кога станува збор за работење, за помагање, за креативност во секојдневната работа, во борбата секој ден, односно и одново да се докажуваш. Имаат капацитет, имаат знаење, имаат искуство, и се е тоа во ред. Но немаат жар, го немаат еланот од порано, не се максимално мотивирани, опуштени се. Знаете секој што не се бори за успех на институцијата што ја води, со ист елан, енергија, мотив, жар како да се бори за своја приватна фирма од која му зависи личниот опстанок, значи дека го достигнал зенитот и треба да се замени со некој друг, кој можеби во почетокот ќе е помалку искусен или ќе има нешто помалку знаење, особено она што се добива од искуството, од работењето, но ќе има жар, мотивираност, силна амбиција, ќе создаваат возбудлива атмосфера во институциите со кои раководат, ќе ги мотивираат и другите во таа институција, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ овие промени ги најавува за почетокот на годинава, но истакнува дека поголем дел од промени ќе се спроведат во втората половина од 2017. Груевски истакнува дека потребата од овие промени ги увидел при разговорите со граѓаните, претставници на компании, но и самите раководители при неговите теренски посети во изминативе две години. Покрај изгубената енергија, Груевски вели дел од раководните кадри ќе бидат сменети и бидејќи создале лоши навики, направиле грешки и пропусти во работата.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов вели освежувањето во редовите и на раководните позициите е секогаш добар и позитивен чекор.

-Секогаш е позитивна и добра работа, факт дека во досегашниот состав на луѓе кои што се во третиот, вториот ешалон се препознаваат одреден број на луѓе кои што се чуствуваат изморени, истрошени или се презаситени од онаа функција која што ја имаат и веќе не ги исполнува, од тука јас го поздравувам тоа најавено освежување и во ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на држава, вели Пандов за ТВ Канал 5.

Пандов вели ова особено ќе биде од корист за граѓаните бидејќи ќе се менуваат раководители на институции кои се сервис на граѓаните и очекува дека овие промени ќе резултираат со подобрување на услугите за граѓаните од државната и јавната администрација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This