КАЕВСКИ ТАКА ВЕТУВАШЕ: Уште чекамe 600.000 млади да се вратат во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во емисијата, „Само Вистина“ потсети дека СДСМ односно СДММ кога беа во опозиција излегуваа, покажуваа слики од руинирани студентски домови и ветуваа дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе изградат т.н „студенски град“.

-Вие како СДСМ капитулиравте по секој основ во однос на студентите и студентското движење затоа што вие излегувавте и покажувавте руинирани домови, ветувавте дека ќе изградите студентски град , јас не знам каде е тој студентски град сега, истакна Нелоски во своето гостување.
Нелоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ имаше проектирано студентски дом кај салата „Борис Трајковски“ кој ќе ги задоволи капацитетите на студентите, но за жал СДСМ дојде на власт и го прекина тој проект.

-Имаме тотално крахирање на Министерството за образование кога се работи за Законот за високо образование, немаме одбор за акредитација, се случува цели катедри на факултетите да немаат можност да се акредитираат. Студентите немаат студентски правобранител, немаат кој да ги штити нивните права на самите факултети, потенцираше Нелоски во своето гостување.
Тој го своето гостување порача дека ова денеска што го гледаме е лицемерие и истото ќе го гледаме до изборите.

– Јас се уште ги чекам 600.00 млади да се вратат во државата бидејки Дарко Каевски излегуваше пред влада и ветуваше дека ќе ги вратат сите млади кои се иселеиле од државата, додаде Нелоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This