КАЖЕТЕ И ЗБОГУМ НА ГЛАВОБОЛКАТА: Маслото од оваа билка ја отстранува болката за помалку од една минута!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силната болка на едната или двете страни, чувствителност на светлина, гадење и слабост се некои од последиците од сериозна главоболка.

Мигрените и главоболките почнуваат да претставуваат проблем за се повеќе луѓе и целосно да го блокираат нормалниот секојдневен живот.
Сара Кристал, невролог и специјалист за мигрена, тврди дека повеќето главоболки се резултат на стрес, промени во биоритмот, хормонален дисбаланс и прекумерни количини на кофеин. Дополнително, исхраната полна со чоколадо, сирење, нитрати и адитиви исто така може да претставуваат причина за болка. „Причините за мигрена често се генетски. Секоја личност има сопствен причинител и поради тоа не постои универзално решение за мигрената“, тврди за Woman’s Health.

Затоа лекарите препорачуваат лекови, но исто така и природни решенија.

Еден од алтернативните начини за лекување е есенцијалното масло од нане, тврди Кристал, додавајќи дека ментолот е активна состојка во етеричното масло од нане и докажано помага во ублажување на главоболките.

Истражувањето од 2015. година, објавено во Frontiers in Neurology, сугерира маслото од нане да се користи за масажа за отстранување на мигрена:
-Растворете неколку капки етерично масло од пеперминт во друго масло како на пример кокосово
-Масирајте со маслото на слепоочниците и на челото, користете кружни движења
-Масирајте 1 минута

Во случај масажата да не ви помогне, д-р Кристал ви предлага да ставите неколку капки есенцијално масло на марамче и длабоко да вдишете или да ставите ладна облога со маслото на чело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This