КАЗНЕТИ ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ И ЉУБЕ БОШКОСКИ: Коле Штериев си вработува роднини, Заев казнува „неподобни“ обвинители!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На неодамнешната пресконференција претседателот на обвинителскиот совет Коле Штериев со задоволство објасни како ја реизбрале роднината на жена му во оделението за организиран криминал.


Но од друга стана, јавноста дозна дека обвинителите кои му биле обвинители на Заев и на Љубе во нивните предмети не се реизбрани без никакво сериозно образложение. Со ова Заев испраќа порака дека секој обвинител кој ќе отвори обвинение против него или негови блиски ќе биде казнет.

Штериев неубедливо се мачеше да ја оправда одлуката која не се брани и јасна е како ден. Човекот не смее да каже дека таква задача добил од политичарите, туку мораше со општи фрази да дава општ одговор. СДСМ ветуваше немешање во судството и обвинителството и праведно бирање судии и обвинители. Ете го праведното бирање.

Откако наместо судии со најмногу поени и кои се на врвот на табелата на учинок, избраа 6 – ти и 7 – мо рангирани, сега почнаа чистка во обвинителството, не со обвинители блиски до ВМРО-ДПМНЕ туку обвинители кои се дрзнале да отворат обвинение за нив.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This