KAЗНИ ЌЕ ИМА, ПОТВРДИ ЗАЕВ: 5 просечни плати за службениците, 5.000 евра за институциите кои нема да ја почитуваат двојазичноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев призна дека ја лажеше јавноста кога соопшти дека нема да има кaзни за незнаење албански јазик во институциите на државата опфатени со законот за двојазична Македонија.
< Иако во тиранската платформа јасно стоеше барањето албанскиот да биде јазик на исто ниво со Македонскиот, поддржувачите и пропагандистите на СДСМ го негираа тоа и го нарекуваа измислица на ВМРО-ДПМНЕ. Бујар Османи од ДУИ дури и јавно кажа дека Заев прифатил албанскиот да стане втор официјален јазик во Република Македонија како и дека со илјадници евра ќе бидат казнувани оние кои нема да го почитуваат тоа што Заев го прифатил од тиранската платформа: https://www.youtube.com/watch?v=i_5ABcxduC0 Во тие моменти цела ергела на СДСМ негираше дека ќе има казни, иако Заев самиот кажа дека има „позитивен аспект“ кон тиранската платформа во која е содржано ова барање. За потребите на пропагандата, ја лажеше во очи јавноста кога кажа дека е лага дека ќе има казни за незнаење на албанскиот јазик. Неколку месеци подоцна мораше да се соочи со сопствената лага откако Владата го усвои законот за двојазична Македонија, но повторно се обиде парцијално да ја излаже јавноста, признавајќи дека ќе има казни но само за институциите:

Вистината е дека покрај институциите и службениците во сите институции низ цела Македонија кои ќе мора да бидат подготвени да одговорат на албански јазик, ќе бидат казнети со казни во висина од речиси пет просечни плати. За тоа е доказ самата содржина на законот:

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This